Членовите на ДПД – Кочани го пречекаа новото возило за гасње шумски пожари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На свечен начин, дел од членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани вечерва го пречекаа новото противпожарно возило марка „Мерцедес“, кое пристигна како донација од Германија.

Станува збор за современо навално возило со високи перформанси и погон на сите четири тркала, наменето за брза и ефикасна интервенција во различни услови на терен.

Со оваа донација, значително се зајакнува оперативната подготвеност на друштвото.

Екипа на Радио Кочани беше на лице место и во продолжение ви пренесува дел од атмосферата, како и изјава од претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев.

ДПД – Кочани веќе важи за доброволно противпожарно друштво со најголем возен парк во државата, што претставува редок пример за континуирана и посветена работа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Најубавиот подарок за Валентајн ве чека во „Лакшари Тихи Бубе“

Валентајн е пред нас – празник на љубовта и убавите гестови. Во цвеќара „Лакшари Тихи Бубе“ ве очекуваат свежи рози, модерни и класични букети, како и цветни аранжмани по ваша желба. Понудата е дополнета со декорирани мечиња, рачни изработки и внимателно одбрани чоколадни комбинации – идеални за романтичен подарок. Секој аранжман се подготвува со посебна

Еко Агенс вработува сметководител…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Мицкоски: Полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир

“Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење