Бoгат фудбалски голгетерски викенд на второлигашките терени.Натпреварите од второто коло донесоа дваесет и четири постигнати голови на мечевите во кои фаворитите речиси и да стигнаа до планираните бодови.Прилепска Победа успеа да се врати од негативата и да стигне до конечни 2:2 и покрај тоа што гостите од Каменица ја имаа...
Настан што сигурно предизвикува внимание е денешниот , саем на музика и винили кај саатот во Прилеп.Носачите на звук , колекционерите и секако самото изложување на бесценетата музика пред прилепчани , ги стави на љубопитен испит сите оние кои сакаа да проверат , да пребараат и да се потсетат на...
И оваа година ЧЕ ТРЧАМЕ во центарот на Прилеп,низ прилепските улици , всушност насекаде.Уште од сабалје раздвиженост , многу позитивна енергија и безброј одпоздравувања за предизвикот да се издржи.Аплаузи , бодрење и подавање рака , насмевки и пред се големо дружење.Вака би изгледал впечатокот од оваа традиционална атлетска трка која...
Попладневно (околу 16:00 часот) пожар настана на паднината на Марковите кули, каде постоеше опасност огнените јазици да го зафатат и манастирот „ Св.Архангел Михаел“. Снимките од пожарот станаа вирални на социјалните мрежи . За среќа дождот спречи пожарот да се разговри и за нешто помалку од еден час беше изгаснат....
Силен дожд и ветар, така, е попладневно во прилеспко. Метеролозите велат дека под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која е поврзана со циклонската активност со центар над Џеновскиот залив, денеска попладне, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, недела, времето ќе биде променливо...
Голем пожар вчера попладне ја зафати имотната површина на семејство во прилепското село Канатларци, при што целосно изгореа помошни простории и вредна земјоделска механизација. Според полицијата, материјалната штета е проценета на околу 5 милиони денари. Настанот се случил на 29 август 2025 година околу 13:20 часот,каде избувнал пожар во помошни...
500 пакетчиња со училишен прибор за почеток на новата учебна година, денеска пред градскиот Саат поделија членките на на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, под слоганот „Подадена рака за секое дете – топлина поддршка и насмевка затоа што секое дете е важно“. Настанот беше надополнет и...
Од 30 август до 5 септември 2025 г., по 17 пат ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја реализира меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ на која ќе учествуваат 17 уметници од земјава и од Хрватска и Србија. -Годинава уметниците ќе работат во преубавата природа на манастирот Св. Ѓорѓија, над...
Во црковните храмови во Прилеп, утре, сабота (30.08 2025) ќе се оджи Mолeбен за благословен почетокот на учебната година. Во црковните храмови Св.Благовештение и Св.Кирил и Методиј – Параклис, Mолебенот ќе започне во 07:30, а во црквата Св. Петка – Точила почеток на Mолeбенот (молитвата) е во 09:00 часот. „Молитвата...
Вчера попладе дете од с Канатларци настрадало од пневматско оружје .Како дошло до застрелувањето,нема објаснување, но по интервенција на Итната помош дететео е прфрлено во Клинички центар во Скопје. Настанот се случил на 28.08.2025 во 18:45 часот, кога во ОВР Прилеп било пријавено дека во Клинички центар „Мајка Тереза“ –...
По интервенција на територијалната противпожарна единица на општина Кривогаштани , утрово е локализиран пожарот на отворено , на сува трева на површина од околу триесет декари.Истиот беше локализиран помеѓу селата Кривогаштани и Подвис .Овој пожар , пожарникарите од ТТПЕ Кривогаштани го локализираа во периодот од 09 часот до 11 и...
Синоќа, со најновиот музички материјал на словенечкиот Блаж Шваган квартет, започна четиринаесетотто издание на Прилепскиот џез викенд. Квартетот пред прилпеката публика го претстави најновиот материјал снимен во Лондон во 2024 година. Станува збор за музика која може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и...