Во дваесетте најдобри средношколски тимови, кои продолжуваат во финалето на натпреварот „Средношколец Милионер“ прилепскот тим WallStreet Minds со „AI StockBroker“ се најде на втората позиција по ранг лисата на гласање. Тој е еден од три прилепски тимови кои се дел од најголемиот натпревар за средношколци досега во Македонија, „Средношколец милионер“...
Според информациите од ЦУК, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на води, поплави и отежнато движење во сообраќајот. Особено во прилепско загрижуват излезите од Прилеп кон Крушево и од Прилеп кон Битола. Кај т.н „Бегова ливада„ поради неисчистени одводни канали, патот во должина од два/три километри сеуште е под вода. ...
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од вечера, 21.11.2025, е затворен за сообраќај за сите видови возила. Забранат за движење по т.н „стар пат“ за Охрид ќе биде затворен или вон употреба до 31.03.2026 година, о соопшти ЈП „Македонија пат“. Ова значи дека живописната делница преку Галичица,...
Пијаниот возач го сопрела полицијата по рутинска контрола во сообраќајот. Тој возел со 2,79 промили алкохол во крвта. А, пред полноќ кај лица од с.Мало Коњари полицијата во возилото пронашла прашкаста материја. На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул. „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле...
Тури-потпечи, сутлијаш, зелник, ванилици, сучена кора, девет табани беа дел од специјалитетие со кои учениците од 5-а од ООУ „Кочо Рацин“ ги пречекаа учениците од 4-1 од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“. Имено, по повод 20 ноември, Меѓународнот ден на детето, учениците од четврто еден од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ со нивната наставничка...
Одбележувањето на неделата на грижа кон постарите лица потсетува дека хуманоста , вниманието и почитаа кон постарите генерации се темелот на едно здраво општество.Во прилепскиот старски дом Киро Крстески – Платник се стремат да создадат средина во која секој штитеник заслужува место каде ќе се чуствува безбедно , вреднувано и...
Времето денес (21.11.2025 год.): Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен...
Се чисти речното корито на градската река во долниот дел од градот кај населбите Чачорица и Бончејца.Согласно временските услови овие активности траат веќе една недела,иако претходно еден период беа во прекин, заради неможноста да се вадат дел од насипите во градското корито , рече градоначалникот Проданоски , кој денеска имаше...
Спортски Прилеп во очекување како и дали ќе се решат отворените проблеми со двете спортски сали Македонија и Универзална, и дали Спортскиот комплекс Маркови Кули ќе продолжи да функционира како и досега. Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на преговори со новиот концесионер за салата Македонија и со заинтересираниот концесионер...
Во паркот на населбата Точила денеска во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски беа пуштени во употреба двете рекоструирани и збогатени спортско – рекреативни игралишта како дел од 30 тината слични спортски терени во Македонија предвидени за реконструкција на ресорното министерство. – Преку санација и реконструкција на вакви игралишта...
По фабриката за селекција на отпад чија што изградба е во завршна фаза Општина Прилеп ќе добие и постројка за производство на компост и рециклиран градежен шут за компостирање и дробилка за градежен шут во близина на депонијата Алинци. Првиот чекор е направен – обезбедени се средства од 50 илјади...
Во време кога дигитализацијата ја достигнува кулминацијата , Радио Пела во чекор со сите аудио и видео промени , надоградби и адаптирања за креирање на свој , посебен, препознатлив медиумски простор.Како и многупати досега во своето работење , заедно со нашите коминтенти успеваме да го збогатиме просторот со кој нашите...