Штетата од пожарот проценета на 5 милиони денари – изгореа шталa, механизација, тутун, гаражи и летна кујна

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Голем пожар вчера попладне ја зафати имотната површина на семејство во прилепското село Канатларци, при што целосно изгореа помошни простории и вредна земјоделска механизација. Според полицијата, материјалната штета е проценета на околу 5 милиони денари.

Настанот се случил на 29 август 2025 година околу 13:20 часот,каде избувнал пожар во помошни простории – летна кујна, шталa и гаражи – лоцирани во дворно место на куќа, сопственост на 44-годишен со иницијали С.К. од селото Канатларци. Пожарникарите пожарот го гаснале цели два часа и го целосно го изгаснале во 15:35 часот.

Од МВР информираат дека објектите целосно изгореле

Од огнот биле уништени помошните објекти, 500 до 600 балиња тутун, два моторцикли („Хамачи“ и „Шинерај“), повеќе апарати за домаќинство, мебел и разни кујнски предмети. Освен тоа, во пепел завршиле и мотор „Титаник“, електрична машина за нижење тутун „Тобако“, тракторска опрема, како и патничко возило „Цитроен Берлинго“.

Трагедијата е уште поголема со оглед дека изгореле и дополнителни 300-400 бали тутун, околу 2.000 метри најлон за садење бостан и цел систем за наводнување од 4.000 метри. Огнот не поштедил ниту три трактора – еден „Џондир“ и два „Тафе“, од кои едниот е целосно изгорен, а другиот делумно оштетен.

Пожарот направил пустош, а материјалната штета е проценета на околу 5.000.000 денари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увид на местото извршиле вешто лице и екипа на ОКТУПА, а причините за избувнувањето на огнената стихија дополнително ќе се утврдуваат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Интензивни подготовки за новата комедија „Девојките на Марко“

Пробите за новата театарска претстава, комедијата „Девојките на Марко“ на Народниот театар “Војдан Чернодрински“ – Прилеп се во полн тек . Со многу посветеност и напорна работа се гради сценскиот израз на претставата која e во режија на Синиша Ефтимов. Сценографија и костимографија е на  Илина Ангеловска, а во претставата...

Прилеп се залага за регион без отпад – централниот проект е регионалната депонија во Новаци

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, на кои присуствуваа претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Форумот е посветен на унапредување на регионалниот систем за управување...

Со Регионалната депонија во Новаци ќе се решава проблемот со дивите депонии во Пелагонија

Во тек се подготовките за изградба на Регионалниот центар за управување со отпад, кој ќе се гради во општина Новаци и ќе опслужува околу 350.000 жители од  Пелагонискиот и Југозападниот регион во 18 општини. За таа цел се дистрибуираат канти за селекција на отпад, додека јавните комунални претпријатија ќе бидат...