Реконструирани улици во Кочани, Тркање и Прибачево

еновиве заврши реконструкцијата на неколку улици во Кочани и во населените места Тркање и Прибачево. Реконструиран е дел од улицата „Мите Јорданов“ во селото Тркање, во должина од 200 м, ширина 3, 5 м, со банкини од двете страни. Рехабилитиран е и крак од улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани, во должина од 170 м,

Владата одобри 20 лица од Кочани да бидат ангажирани во превенција од пожари

Од побараните 23 лица во апликацијата што ја поднесе Општина Кочани во врска со активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), Владата одобри ангажирање на 20 пожарникари. Наредниов период ќе започне постапката за ангажирање на лицата со распишување на јавен повик до невработени лица – активни

СООПШТЕНИЕ од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Кочани

По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов, Претседателот на Советот, водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните, за денеска свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата. На координацијата се идентификувани неколку итни и

Се продава комплетно наместен стан во строгиот центар на Кочани – ПОВОЛНО!

Се продава комплетно наместен стан во центарот на Кочани, со површина од 68 м². 🔹 2 спални соби 🔹 Дневна соба со прекрасен поглед кон реката 🔹 Одделни WC и бања 🔹 6-ти кат со лифт 🔹 Соларен систем, електрично греење и 2 инвертер клими 🔹 Вклучен мебел 🔹 Гратис подрум 6 м² 💰 ПОВОЛНО!📞

На 10 и на 11 јули во Кочанско – втор третман од земја за заштита од комарци

В четврток, 10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка. Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Кочани, 8 јули 2025 – Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.     Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше

Обраќање на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во врска со програмата за одбележување на празникот Петровден

Драги сограѓани, Сите ние, жителите на Кочани, го носиме товарот на трагедијата што нè погоди. Загубата на 62 млади животи во пожарот во „Пулс“ е болка што не може да се опише со зборови. Тоа е рана што сè уште крвави во нашите срца, во нашите семејства, во нашата заедница. Секој од нас ја чувствува

Од струен удар почина 40 годишен жител на Соколарци…

Денеска главна вест во населените места во Чешиново и Соколарци е загубата на млад човечки живот. Радио Кочани неофицијално дознава дека станува збор за С.М. 40 годишен жител на селото Соколарци, како последица од струен удар додека бил во посета на селските гробишта. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од страна на надлежните

Итно и поволно се продава стан на улица „Гоце Делчев“ во зградата на ЕВН

Итно и поволно се продава стан на улица „Гоце Делчев“ во зградата на ЕВН Станот е со големина од 45м2 – први влез Цена 33 000 еур Подетално може да се информирате на 072/275-624

Патувачкото кино на МакеДокс гостува во Кочани

Од 15 до 18 и на 20 јули на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, пристигнува Патувачкото кино од 16. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Патувачкото кино на МакеДокс е поддржано од Агенцијата за филм, а се реализира во соработка со SupportKocani, НУ Центар за култура „Бели мугри“

Во тек е пријавувањето за Илинденските спортски игри во Зрновци

Општина Зрновци и годинава ќе биде домаќин на турнирот во мал фудбал во рамки на единаестите Илинденски спортски игри. По тој повод Локалната самупрва упати повик до сите љубители на спортот да учествувааат на турнирот. Натпреварите ќе се играат на мултинаменсото спортско игралиште „Васе Ангелов“, а  пријавувањето на фудбалските екипи е до 15 јули. За

Викендов Кочани го одбележува Петровден

о организација на Општина Кочани, претстојниов викенд, со културно-забавни и духовни содржини ќе биде одбележан Петровден, Празникот на Кочани. Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот, на 12 јули, со почеток во 13 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи настан посветен на прекинатата младост на 62-те