СООПШТЕНИЕ од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов, Претседателот на Советот, водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните, за денеска свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата. На координацијата се идентификувани неколку итни и значајни точки кои се од суштинско значење за функционирањето на општината и за животот на граѓаните: 1. Усвојување на одлука за донацијата од компанијата Амфенол за реконструкција на улица во село Тркање; 2. Ребаланс на Буџетот на Општина Кочани;(Ребаланс во кој ќе бидат отстранети сите ставки за привремени вработувања) 3. Одлука за организиран линиски превоз за учениците во општинските училишта. 4.Именување на училишната спортска сала во ООУ,,Никола Карев” – Кочани во ,,Кочанските Ангели” во чест на трагично загинатите деца во нереќата во дискотеката ,,Пулс” Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека овие точки не смеат да бидат заложници на насилството и деструктивното однесување на поединец. Советникот Аки Акиов со своето однесување го наруши достоинството на Советот и институцијата Општина.

Тој го изгуби секое морално право да учествува во понатамошната работа, а неговото присуство е неприфатливо додека не сноси соодветна одговорност. Ги повикуваме сите останати советници, без разлика на политичката припадност, и без разлика на времената функција која ја остваруваат да изградат заеднички став и да дејствуваат во интерес на граѓаните. Советот мора да покаже зрелост, единство и способност за носење на одлуки кои се клучни за секојдневието на жителите на Кочани.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Совет на Општина Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост