Обраќање на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во врска со програмата за одбележување на празникот Петровден

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Драги сограѓани,

Сите ние, жителите на Кочани, го носиме товарот на трагедијата што нè погоди. Загубата на 62 млади животи во пожарот во „Пулс“ е болка што не може да се опише со зборови. Тоа е рана што сè уште крвави во нашите срца, во нашите семејства, во нашата заедница. Секој од нас ја чувствува оваа загуба, било да е родител, пријател, сосед или сограѓанин. Ова е наша заедничка траума, но и наша заедничка одговорност да продолжиме напред – не заборавајќи, туку почитувајќи и градејќи.

Разбираме дека идејата за одржување на Петровденската манифестација предизвикува поделени чувства. Имаме родители, семејства и пријатели кои со право бараат правда, тишина и достоинство кон жртвите.

На 21 јуни веќе беше одржан настан за матурантите, но и во чест на нашите сограѓани, кои беа дел од локалните бендови, покажувајќи дека можеме да се сеќаваме достоинствено и со почит.

Од друга страна, имаме заедница чиј живот и покрај болката, мора да продолжи. Малите бизниси во Кочани се соочуваат со пад на прометот од 50 %, што влијае на егзистенцијата на многу семејства.

Во Кочани имаме околу 10.000 млади луѓе кои изгубија некој близок – пријател, соученик, роднина. Не смееме да дозволиме колективната траума да ги остави и нив заробени, сами и без надеж за иднината.

Нашата цел не е да заборавиме или да ја намалиме почитта кон жртвите. Напротив, должни сме да организираме достоинствена комеморација во чест на загинатите и да работиме на тоа никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Но, исто така, должни сме да ја кренеме нашата заедница од пепелта, да ги поддржиме нашите сограѓани кои се борат за својата егзистенција и да им дадеме надеж на младите дека Кочани може да биде место на заедништво, а не само на тага. Нашите млади заслужуваат можност да растат, да создаваат и да сонуваат, и покрај болката што ја носат.

Затоа, ве повикуваме на единство. Оваа година Петровден нема да биде празник на гласна забава, туку можност да се собереме како заедница – да се сеќаваме, да се поддржуваме и да градиме иднина. Комеморативниот настан „Во сеќавање“ е дел од програмата што ја посветуваме на жртвите и нивните семејства.

Нека Петровден биде момент на заедништво и на надеж дека Кочани ќе се издигне – не на сила, туку со љубов, почит и солидарност.

Со почит,

в. д. Градоначалник

Венко Крстевски

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост