Општинскиот долг намален за над 25 милиони денари

На денот кога в.д. градоначалникот Венко Крстевски ја презеде функцијата, на 16 април 2025 година, Општината се соочуваше со финансиски товар од 40.927.040 денари. Денес, на 1 септември 2025 година, обврските се намалени на 15.848.796 денари, што претставува значително олеснување за општинскиот буџет. Овој резултат е постигнат преку внимателно планирање, рационално користење на средствата и

И во Зрновци започна новата учебна година 2025/2026 – свечен прием за првачињата во ООУ „Синиша Стоилов“

Денеска во општина Зрновци  започна новата учебна година 2025/2026, со свечен прием на новата генерација првачиња во Основното општинско училиште „Синиша Стоилов“. Настанот беше проследен со пригодна програма и присуство на ученици, наставници, родители, како и претставници на општинската самоуправа. Посебна чест и радост беше пречекот на најмладите ученици – првачињата, кои за првпат го

Почеток на новата учебна година во ОУ „Климент Охридски“ – Облешево, свечен прием за првачињата

Денеска започна новата учебна година 2025/2026, а во Основното училиште „Климент Охридски“ во општина Чешиново-Облешево беше организиран свечен прием за новата генерација првачиња. Во присуство на наставници, родители и претставници од локалната самоуправа, учениците од прво одделение беа пречекани со пригодна програма, песни, игри и пораки за добредојде. Наставниот кадар им посака успешен почеток и

Честитка од в.д. градоначалникот Венко Крстевски по повод почетокот на новата учебна година

На првиот ден од новата учебна година. в.д. градоначалникот Венко Крстевски им се обрати на сите ученици во градот и им посака среќен и успешен почеток на учебната година: „Со почетокот на 1 септември започнува ново поглавје во образованието. Ви посакувам среќен и успешен почеток на оваа учебна година, исполнета со нови знаења, искуства и

Среќен почеток првачиња и успешна учебна 2025-2026 година

Информативната редакција на Радио Кочани  на сите првачиња и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и голема посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. „Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја

Со литургија и заеднички ручек одбележана летната слава на манастирот „Св. Василиј“ на Пониква

Во манастирот „Св. Василиј“ на Пониква денеска се одржа црковно-народен собир по повод летната слава на манастирот. Настанот собра голем број верници од Кочани и околните места, кои заедно ја споделија духовната радост. Свечената литургија ја предводеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво. Молитвеното богослужение започна во утринските часови,

Приведена мортус пијана Виничанка, управувала возило со 3.20 промили алкохол во крвта

На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во

Во ООУ  „Климент Охридски“- Облешево во тек се финалните градежни активности за подобри услови за учениците и наставниот кадар…

Во ООУ  „Климент Охридски“- Облешево, во централното и во подрачните училишта се во тек финалните градежни активности со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар. Работите опфаќаат санација на кровови и фасади, реновирање на училници, поставување нови прозорци и врати, адаптација на санитарни јазли и уредување на спортски простории. Целта е сите градежни

Се издава комплетно реновиран ресторан со целосна опрема

Се издава ресторан “Конак” од левата страна на патот од Виница кон Берово! Ресторанот е комплетно реновиран, со целосна опрема во кујна: маси, столици и вкупен ентериер. Располага со 7 пространи соби. Информации на: 0041 79 375 5791 на WIBER и WHATSAPP Лице за контакт Ангел

Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар

По решение од градежен инспектор, в петок, 5 септември, во попладневните часови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар. Доколку до тој период сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во Трговскиот центар сам не ја отстрани дивоградбата, уривањето ќе го изврши Општина Кочани преку економски оператор

Уште еден од повредените во пожарот во Кочани се врати од болница во Истанбул

Уште еден пациент, пред два дена, се врати од болница во Истанбул, каде беше на лекување по пожарто во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во „Аџибадем Систина“ остануваат уште двајца тешко повредени, кои не се критични.     „Ме радува моментот дека за неколку дена бројот на пациенти во болница се намали на тројца. Двјаца

Утре во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ ќе се одржи молебен посветен на новата учебна година

Молитва за успешен почеток на учебаната година ќе се одржи утре во во храмот „СВ. Вмч. Георгиј“, а молебенот е закажан за во 8 и 30 часот и е посветен на учениците, професорите и студентите. Годинава ќе присуствува и Митроболитот Брегалнички Иларион. Молебенот се одржува традиционално секоја година пред почетокот на учебаната година, а учениците,