Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По решение од градежен инспектор, в петок, 5 септември, во попладневните часови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар.

Доколку до тој период сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во Трговскиот центар сам не ја отстрани дивоградбата, уривањето ќе го изврши Општина Кочани преку економски оператор избран со јавна набавка.

 

На 28 април актуелниот в. д. градоначалник Венко Крстевски одржа состанок со угостителите од Кочани информирајќи ги дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е првата причина поради која нема да се прават отстапки со узурпација на јавните површини.

 

На 18 јуни оваа година Крстевски поднесе кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против угостители што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните истакнувајќи дека и по трагедијата во „Пулс“ има угостители што работат нерегуларно и незаконски, со што покажуваат дека поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните, на жителите во зградите каде што се лоцирани објектите, но и на самите посетители.

 

Со најавата за уривање на нелегалните објекти што ја загрозуваат безбедноста, в. д. градоначалникот Крстевски потсетува дека јавната површина е јавен интерес и дека нема никаква толеранција кон угостителските објекти коишто го узурпираат јавниот простор и создаваат безбедносен проблем.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

“Хаос” на Народниот театар од Штип вечерва го отвара 63. ДАФ на Македонија

Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани. Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат

В недела свечено отворање на затворениот градски пазар во Виница

В недела, 17 мај, со почеток во 11 часот, во Виница официјално ќе биде отворен затворениот градски пазар. На настанот ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. При посетата ќе биде направен и увид во повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкција на водоводна и

Теренот „Дамјан Груев“ Чешиново ќе ги собере младите фудбалски таленти од регионот…

Во сабота, спортскиот терен „Дамјан Груев“ во Чешиново ќе биде домаќин на завршниот турнир од детската фудбалска лига, во организација на ФК Атлетико 2021. Настанот ќе се одржи на 16 мај со почеток во 09:30 часот и ќе ги собере најмладите фудбалски надежи од генерациите 2014, 2015/16 и 2017/18. Според организаторот, на турнирот ќе настапат