Пред околу три децении започна изградбата на храмот посветен на Света Петка, лоциран во селото Кочански дол, а во негова близина има извор со света вода, за кој многумина веруваат дека е благословен токму од светицата. Иако темелите се осветени, низ годините изградбата се одвиваше бавно поради недостиг на финансии. Денес, благодарение на иницијативата на
Политичката партија Левица ја објави кандидатурата на Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Општина Кочани на локалните избори закажани за 19 октомври. Таа е актуелен член на Советот на општината и делува како советничка од редовите на Левица. Со оваа кандидатура, бројот на пријавени кандидати за функцијата градоначалник на Кочани досега достигна пет. Освен кандидатката на
Советот на Општина Кочани на 69. седницата што се одржа утринава во Мулти културниот центар гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година, донесена на 27 август. Ова значи дека педесетината наставника на кои на
Советот на Општина Кочани на седницата што се одржа утринава гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година. Крстевски не присуствуваше на седницата. Претседателот на Советот на Општината, Лазо Митев, рече дека до Обвинителството е
Човек што работи со правото, а ја сака правдата, Игор Христов, предлог кандидат за градоначалник на СДСМ за Кочани. Професор докажан во својата професија, со евидентно работно искуство во образованието, граѓански активист и интернационални спортски достигнувања. Поборник на социјалдемократските вредности но пред се искрен, посветен и трудољубив човек со практицирање на ред и дисциплина. Со
Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“ во просториите на Здружение на Ромите Черења од Штип, се одржа еднодневна обука на тема „Мултиетничка соработка и инклузивни политики“. На обуката учествуваа 15 претставници од граѓански организации од Штип и Кочани, претежно ромски и про-ромски здруженија, кои активно делуваат
Во просториите на ГРЕЕН ХАБ-КО во Кочани се одржа панел-дискусија посветена на женската улога во инклузивните политики и мултиетничката соработка, во контекст на европските вредности и процесот на ЕУ интеграција. Настанот е дел од проектот: „Женската перспектива за инклузивни политики и европски вредности“ што имаше за цел да ги отвори разговорите за тоа како жените
Во полн ек е сезоната за подготовка на зимници во Кочанскиот регион. Денешниот пазарен ден донесе голема раздвиженост, а најголема гужва се создаде пред тезгите со ајварска пиперка — најбараниот производ овој период од годината. За тоа какви се цените, какво беше овогодинешното производство и дали има доволно квалитетна пиперка, разговаравме со дел од продавачите
Православните верници денес, на 11 септември, го одбележуваат празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“. Во црковниот календар овој ден е означен како време на строг пост и молитва Во текот на годината црквата му посветува шест празници на свети Јован, а денешниот е поврзан со неговото маченичко страдање и неправедната смрт. Свети Јован
Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација. Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука
Почитувани како што претходно најавивме во врска со катастрофалниот пожар повремено ќе ја известуваме јавноста со нови и значајни информации. Сите што беа повредени и хоспитализирани се пуштени дома и се чувствуваат добро. Еден од пожарникарите останува и вечерва хоспитализиран и неговата состојба е добра и се следи од здравствените служби и од тимот за
Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов. Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој