ВМРО-ДПМНЕ со натпартиски кандидат за Кочани – поддршка за д-р Владко Грозданов за претстојните Локални избори

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов.

Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој доаѓа надвор од партиските редови, што се оценува како стратегија за поширока поддршка и поголема инклузивност.

Во објава на социјалните мрежи на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

Чест ни е да го промовира својот кандидат за градоначалник и иден градоначалник на Кочани – др. Владко Грозданов!

Др. Грозданов е човек на чесноста, знаењето и посветеноста.

Лекар кој цел живот им служел на граѓаните, денес е подготвен да му служи и на својот град.  

Веруваме дека ќе го оздрави Кочани, ќе донесе надеж, развој и стабилност.  

Веруваме дека со неговата енергија и визија ќе изградиме почист, побезбеден и поправеден град.

 Веруваме дека Кочани ќе добие лидер што ќе работи за сите граѓани, а не за лични интереси.

Со др. Владко Грозданов, започнуваме нова страница за Кочани – страница на надеж, чесност и иднина!

Успешно и чесно!

 Објавени кандидати по општини:

Кисела Вода – Бети Стаменкоска Трајкоска
Старо Нагоричане – Мирослав Славковски
Дојран – Илија Тентов
Долнени – Сашко Велјановски
Ранковци – Даниел Павловски

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК