Советот на Општина Кочани – Поништено решението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советот на Општина Кочани на 69. седницата што се одржа утринава во Мулти културниот центар гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година, донесена на 27 август.

Ова значи дека педесетината наставника на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа. Бројот на паралелките не се намалува.

Најпрвин, одлука на Советот на Општина Кочани, која денеска беше донесена со 16 гласа против и еден воздржан, треба да биде објавена во Службен гласник.

Претседателот на Советот на Општина Кочани,Лазо Митев, на седницата рече дека има информациа оти вчера до Јавното обвинителство е поднесена кривилна пријава за злоупотреба на службена должност и овластувања.

Како претседател стојам зад тоа целата оваа работа да се испита. Зошто се крие документот со кој МОН дава позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици. На 5 – ти овој месец тој документот е пратен до в.д. градоначалникот, потпишан од министерката за образование. Денеска сме 12 – ти, а документот сеуште го нема во Општината. Се сомневам дека некој го крие. Зошто, праша Митев.

В.д. градоначалникот ВенкоКрстевски не присуствуваше на седницата.

Претставник на општинската администрација од секторот образовани ги информираше советниците дека уште пред да настане овој проблем, Министерството за образование ги одобрило вработувањата на наставниците на кои на 31 – ви август не им беше продолжен работниот однос. Така што финансиски импликации за училишта поради продолжување на договорите за работа на педесетте наставника, нема да има.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК