Седумнаесетиот Марш за ангелите во Кочани помина со многу револт и емоции и со намалено присутво на родители и граѓани

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот од 16 – ти март и нивни подржувачи, вечерва во Кочани помина 17 – от Марш на ангелите. Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулрто „Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, Полицијата и пред Судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти

Митрополитот Иларион му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели  чин протојереј на свештеникот Димитар Арсовски од Кочанското црковно намесништво.

Градоначалникот на Општина Лајонс Кристофер Гети во посета на Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во посета Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави. – Доаѓам во Кочани, општина со која сме збратимени, за да пренесам поддршка и добра волја по трагедијата што се случи овде. Општина Лајонс останува посветена на поттикнување на меѓународното пријателство

Традиционалниот собор во Пантелеј го собра народот во молитва и заедништво

Денеска, манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј, беше исполнет со верници од сите краеви. Празнувањето започна уште од синоќа, кога многумина запалија свеќи за здравје и благосостојба, а утрово присуствуваа на светата божествена литургија. По богослужбата, за сите присутни беше подготвена традиционална манастирска трпеза. Соборот на овој манастирски комплекс има вековна историја и претставува традиција

Приведено лице во Виница, физички нападнал полициски службеник и при претрес кај него биле пронајдени и одземени дрога и муниција

На 08.08.2025 во 10.10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во

Ловечкото здружение „Осогово“од Кочани повторно е владател на два ловни терени

Ловечкото здружение „Осогово“  доби назад два ловни терени во владение после повеќе од две децении откако денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, им ги врачи договорите на ловците, на средбата што се одржа во стариот Ловен дом во Кочани. После дванаесет месеци поминати во низа измени на закони и подзаконски акти во

Пантелеон ГС донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Жителите на Кочани и целата земја се уште ја живеат колективната траума од трагедијата која се случи во март годинава. Помош и поддршка беше потребна тогаш, но и денес, а ќе биде потребна и во иднина. Токму затоа компанијата Пантелеон ГС одлучи да донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите и повредените

Обид за убиство со нож во Виница

На 07.08.2025 во 02:00 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Д.С. од Виница. Според пријавеното, пред угостителски објект на бул.„Маршал Тито“ во Виница, Н.К. од Виница со остар предмет му нанел убодни рани во стомакот на Д.С. Се преземаат мерки за

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Мерка за заштита на семејниот буџет пред стартот на школската година

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените на училиштниот прибор треба да се намалат во пресрет на новата школска година, за најмалку 10% во трговијата на големо и за најмалку 15% во трговијата на мало. Попустот важи за се – од тетратки, ранци, моливи, фломастери, лепила, до калкулатори и ножици.

ЗА САМО 7 МЕСЕЦИ – 664.000 ДЕНАРИ ПОТРОШЕНИ ПО КАФАНИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ВИНИЦА

Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со дупки на улиците, запуштени објекти и ниту еден капитален проект на повидок – локалната власт очигледно ужива во кафеани.  Според податоците од Open Finance, од почетокот на годината досега се потрошени над 664.000 денари во локални угостителски објекти. Само во последниот месец, сметките изнесуваат над 205.000 денари, а има

Крстевски на средба со Иван Георгиев – еден од најнаградуваните средношколци од Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски оствари средба со Иван Георгиев, средношколец во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, кој минатата учебна година се врати со три државни награди од натпреварите по програмирање, физика и англиски јазик, беше пофален на Македонската олимпијада по информатика и се најде во 25-те средношколци – топ математичари на

Кочанчани ја погледнаа месечината одблизу

Во Пркот на Револуцијата во Кочани синоќа Скопското астрномско друштво им овозможи на граѓаните да ја набљудуваат месечината, ретка прилика што многумина ја искористија. Кочанчани од различна возраст преку телескоп го погледнаа единствениот  природниот сателит на Земјата и најблиско небесно тело до неа.  Имавме идеја да ги покажеме небесните тела, но во овој период може