Крстевски на средба со Иван Георгиев – еден од најнаградуваните средношколци од Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски оствари средба со Иван Георгиев, средношколец во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, кој минатата учебна година се врати со три државни награди од натпреварите по програмирање, физика и англиски јазик, беше пофален на Македонската олимпијада по информатика и се најде во 25-те средношколци – топ математичари на UltiMATH.

Георгиев е еден од младите амбасадори на Кочани, кои со знаење чекорат напред и се пример што треба да го следат новите генерации.  Разговаравме за неговите интереси и амбиции во натамошното образование и му подарив врамена слика од фриз од Споменикот на слободата во Кочани. Тоа вообичаено е подарок за дипломатските претставници, а целта ми е да го мотивирам за следни успеси и да упатам јасна порака за поддршка на младите – рече  в. д. градоначалникот Крстевски по средбата со Георгиев.

Иван Георгиев истакна дека е посебно радосен што со освоените награди влијае и на рејтингот на училиштето каде што се образува.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот