Божиќен 20 ти jубилеен ручек во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По Јубилеен 20-ти пат во организација на Детската амбасада за сите деца во Светот, 500 деца се дружеа на свечен Божиќен ручек во Прилеп, славејќи го Христовото раѓање. Гости пристигнаа деца од цела Македонија кои на заедничка трпеза го прославија Божик,  од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, Штип и од други градови и општини за дружба на децата од повеќе верски заедници покрај православната и од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката.

Детската амбасада за сите деца во светот го доделува Оваа година најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ  и беше доделено на Амбасадорката на сите деца во светот на легендата на македонскиот женски ракомет Гордана Нацева.

Со благослов на Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, оваа година ручекот го благослови Неговото Преосвештенство, Викарниот Архиереј на Преспанско – Пелагониската Епархија, Господин Никола, а на сите деца им беа доделени пакетчиња за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски. За збогатување на свеченоста се погрижија од танц студио „Зодијак“ од Прилеп ѕвездичката  Димитар Иваноски од Прилеп и  Христијан Настески – Пајак.

 

Покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, беа доделени и признанијата ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, кои Детската амбасада одлучи да ги додели на долгогодишните медиумски покровители: ЈП Македонска Радио Телевизија, Канал 5 Телевизија, Наша Тв Телевизија, Телевизија Тера, Радио Пела, Радио Холидеј и порталите Инфокомпас, Маркукуле и Шеталиште, медиумски покровители на Божикниот ручек во сите овие изминати 20 години.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приведени 10 Кинези за илегален влез во Македонија

Група од десетмина државјани на Република Кина уапсила полицијата под сомнение за незаконски влез во Македонија:

Протест на дел од вработените во Македонска Пошта, во прилепско неуредна достава

Дел од вработените во Македонска Пошта денеска протестираат поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија. Причината е како што истакнаа на протестот во Скопје задоцнување на исплатата на  плати и лошите услови во кои што работат. „Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од...

На Плетвар намалена видливост до 50 метри, возете внимателно❗

Поради магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена на само 50 метри. Возете внимателно порачуваат од АМСМ и од Македонија пат. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна...