БК АС е повторно во врвот на македонската младинска боксерска лига (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Изминатиов викенд во главниот град се одржа 6то и последно коло од првата и младинска лига во бокс на Македонија во спортската сала “Македонски Херои” .И оваа сезона прилепскиот боксерски клуб успешно ја затвори , а неговите членови само потврдија дека со право се во врвот на македонскиот бокс  во младинска конкуренција.Прилепчани на социјалните мрежи ја изразија благодарноста до Министерството за Спорт за поддршката на клубот како и до локалната самоуправа за несебичната поддршка и придонес за да се создадат одлични спортисти кои ќе го претставуваат градот во овој спорт.
Еве ги и резултатите од последното коло за прилепските боксери:
Леон Цветкоски до 40 кг. загуби во равноправна борба со 2:1 и покажа одлична борба.
Мартин Трајкоски до 52 кг. победи со одлична прикажана техничко тактична борба.
Валентин Стризлоски до 70кг. дебитираше со победа над својот противник.
Давид Карапеев до 75кг. ја оствари највпечаткивата победа со нокаут во втората рунда.
Младинецот Влатко Димески немаше противник во неговата категорија.
БК АС Прилеп оваа година е на 4 то место во младинска бокс лига на Македонија.
Честитки за боксерите од БК АС Прилеп и тимот кој успеа и годинава со макотрпна работа и ангажираност со талентите во боксот да го постигни овој резултат.
Планот за наредна година е што поголеми успеси за  градот  Прилеп и Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...