ГРАШЕСКА-ИЛИЕСКА: ПРИЛЕПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО “ДУПКА“ – ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА РЕКОРДЕР СО ЗАГУБА ОД 500.000 ЕВРА!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пред утрешната седница на Советот на Општина Прилеп, денеска прес конференција одржа опозициската советничка група на СДСМ и Коалиција, на која обвинија за како што рекоа недомаќинско, нестручно и криминално трошење на парите на граѓаните од страна на локалната власт, јавните општински претпријатија и градоначалникот Јовчески. Ја објавуваме во целост:

„Во обид да ги прикријат катастрофалните резултати од работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија, ВМРО-ДПМНЕ и претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец, посегнаа кон нечесен начин на практикување на демократијата. Имено, Стерјоска и ДПМНЕ за утре закажаа седница на која советниците во неколку часови треба да ги разгледаат и да дискутираат за годишните сметки на Општина Прилеп, на јавните комунални претпријатија, Јавната установа Детски градинки, Домот за стари лица, како и на сите основни и средни училишта од општина Прилеп. Или севкупно, 30 точки од дневниот ред со преку 1.000 страници материјал во кои е прикажан целиот недомаќинлак и сета неспособност на општинските власти на ДПМНЕ. И сето тоа со една единствена цел: да ги прикријат срамните и поразителни факти за огромните загуби на сите, ама баш сите прилепски комунални претпријатија! Документите велат дека прв пат во своето постоење „Водовод и канализација“ бележи загуба од фантастични 500 илјади евра! Дека загубите на „Комуналец“ ја надминаа сумата од 260 илјади евра! Дека загуба од 140 илјади евра има и Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови и дека во листата на загубари се вброи и ЈКП „Пазари“! Дека Борче Јовчески ќе го заврши својот мандат и ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како градоначалник кој потрошил 100 милиони евра, без да реализира ниту еден единствен проект од својата изборна програма! Меѓутоа, кукавичкиот обид за прикривање на вистината, нема да им успее. Пред очите на пошироката јавност, на утрешната седница советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе го разобличи недомаќинското, нестручно и криминално трошење на парите на граѓаните од страна на кадрите на ДПМНЕ – градоначалникот Јовчески и директорите на јавните претпријатија. Господа од ДПМНЕ, вистината е како шило и од неа бегање нема,“ рече Моника Грашеска Илиеска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши гласањето, се очекуваат резултатите

Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија...

Крушево до 15 часот највисока излезност од над 50%, Долнени над 33%

На ниво на Македонија излезноста во вториот круг од Локалните избори до 15 часот изнесувала 27, 18 % информира Државна изборна комисија. Највисока заинтересираност за гласање покажале граѓаните од општина Крушево, таму излезноста е највисока во Македонија од 50,22%. Во општина Долнени излезеноста е 33,39 %, додека во општина Могила...

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, посочува МВР во соопштение за текот на одвивањето на вториот круг од гласањето: