Акција за озеленување на јавни површини во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Комуналните служби на Општина Кочани деновиве ги озеленуваат јавните површини.

 

Се садат култивирани садници од јасен, црвена слива, платан, индиски јоргован, аризонски чемпрес и макрокарпа.

 

Нови садници има на улицата „Тодосија Паунов“, кај ОУ „Малина Попиванова“ и на разделното зеленило; на „Димитар Влахов“ и „Бел камен“, како и на западната страна на ридот Локубија.

 

Зимзелените садници се засадени на места каде што неодамна се чистеа малите депонии.

 

Озеленувањето на јавните површини ќе продолжи и наредниов период.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка

Промовирана „Сите бои на виножитото“ – она што Данило Коцевски е за Скопје, Киро Герасимов е за Кочани

Книгата „Сите бои на виножитото“, во која се говори за новинарот на МРТ и хроничар на Кочани, Киро Герасимов, синоќа во Библиотеката „Искра“ ја доживеа својата промоција. Публикацијата е биографски труд подготвен и напишан од Славица Цветкова, пријателка, колешка, соработничка на Герасимов,  и од неговата внука, Розе Д. Петрова. „Сите бои на виножитото“ обилува со

И покрај падот на пазарот, Кочани води по продажба на земјоделско земјиште, Зрновци со само осум трансакции

Пазарот на недвижности во државата во првиот квартал од годинава бележи опаѓање, покажуваат најновите податоци на Агенција за катастар на недвижности. И покрај намалената активност на национално ниво, Кочани се издвојува како општина со најмногу продадено земјоделско земјиште и шуми, додека Зрновци е меѓу општините со најмал број реализирани трансакции – само осум. Вкупната вредност