И покрај падот на пазарот, Кочани води по продажба на земјоделско земјиште, Зрновци со само осум трансакции

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пазарот на недвижности во државата во првиот квартал од годинава бележи опаѓање, покажуваат најновите податоци на Агенција за катастар на недвижности.

И покрај намалената активност на национално ниво, Кочани се издвојува како општина со најмногу продадено земјоделско земјиште и шуми, додека Зрновци е меѓу општините со најмал број реализирани трансакции – само осум.

Вкупната вредност на пазарот на недвижности изнесува 276, 3 милиони евра, што е за над 12, 4 проценти помалку во споредба со последниот квартал од минатата година.

Продажбата на станови е намалена за 27 проценти, а нивната вредност за 23 отсто.

Пад е забележан и кај куќите, деловните простори и закупнините.

Единствен раст има кај откупот на недвижности од државата, кој е зголемен за 175 проценти.

Најскапиот стан е продаден во Кисела Вода – 45 квадрати за 130 илјади евра, односно речиси 2.900 евра за метар квадратен.

Најмногу станови се продадени во Аеродром, а најголем број трансакции се реализирани во Центар.

Во првите три месеци од годинава се регистрирани и 712 новоизградени станови, што е речиси 30 проценти помалку од претходниот квартал.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка

Промовирана „Сите бои на виножитото“ – она што Данило Коцевски е за Скопје, Киро Герасимов е за Кочани

Книгата „Сите бои на виножитото“, во која се говори за новинарот на МРТ и хроничар на Кочани, Киро Герасимов, синоќа во Библиотеката „Искра“ ја доживеа својата промоција. Публикацијата е биографски труд подготвен и напишан од Славица Цветкова, пријателка, колешка, соработничка на Герасимов,  и од неговата внука, Розе Д. Петрова. „Сите бои на виножитото“ обилува со

„Ема Лукс“: Оваа сабота (16 мај) намалени цени, подароци и изненадувања за вас ! (ВИДЕО)

Една година исполнета со доверба, мотивираност, инспирации и голема благодарност до вас. Повелете во Парфимерија „Ема Лукс“, оваа сабота, 16-ти мај, на роденденски попусти на вашите омилени парфеми и козметика. Намалени цени, подароци и изненадувања за вас! Од збогатената понуда можете да изберете производи според вашиот стил. Изберете подарок за вашите најблиски, подарете парфем или