Кражба на водоводот во Манастирот Трескавец го пролонгира пуштањето во употреба

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Најавен пред година и половина (јуни 2023та) дека ќе се реализира за 4 месеци, водоводот на манастирскиот комплекс Трескавец повторно наиде на пречка. Овој пат причината е кражба на дел од електрониката и каблите од водовoдниот систем. Информацијата стигна како одговор на новинарско прашање за тоа:  До каде се градежните работи со водоводот на Манастирот Трескавец? Пуштањето на водоводот е пролонгиран, потврди градоначалникот Јовчески, потребно е да се изнајдат средства за надомест на штетата.

– Водоводот со средствата што беа одобрени претходно од ТАВ се направи некаде 70 отсто. Со помош на градоначалникот,општествено одговорни фирми, на ЈКП Водовод и канализација, водоводот го доработивме целосно пред Нова година. Сакавме да ве повикаме сите, да се пофалиме со тој проект. Но, се случи еден немил настан. Пред Нова година имавме повик од Трескавец дека е направена кражба на тоа сето што е монтирано. Тоа е сето пријавено во Полиција, во дневен билтен на полицијата. Штетата е некаде околу 10 илјади евра. За жал се украдени кабли, некоја електроника, која што сега во месец март треба повторно да се обнови и повторно да се стави во функција. Значи беше ставен во функција, беа денови во прашање кога резервоарите беа двата наполнети со вода, сакавме да појдиме таму, за да го направиме тој чин на отворање. Зимскиот период го одложи времето, март месец кога сето повторно ќе го вратиме во првобитна состојба и кога полицијата сакаме да ги открие сторителите и ќе можиме вака пак да се собериме и да се пофалиме дека тој проект веќе по втор пат ќе биде повторно завршен, рече Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.  

Сега е прашање како ќе се надомести штетата, од кои извори и за колку време.

– Тоа е, тука е сега, се средува овој месец да го средиме тоа, од кој да се види од кои средства ќе бидат оддвоени повторно околу 10 илјади евра и да го вратиме во првобитна положба, вели Гулабоски.  

Градоначалникот Јовчески се надева дека наскоро ќе бидат обезбедени средствата за конечно да се стави во функција водоводниот систем.

– Кога веќе имавме пред пуштање на водоводот во Трескавец настана кражба, каде што дел од кабли и автоматика е украдено. Работиме на случајот повторно да се обезбедат средства за обезбедување на тие материјали кои што можат за еден или два дена да се имплементираат во тој водоводен систем. Инаку, изворот е комплетно обезбеден, резервоарите, доставувањето на водата до комплексот Трескавец и останува само да го дозавршиме и да го објавиме како завршен проект. Тоа е вода за пиење со хлорирање, чиста вода исклучиво наменета за пиење, рече градоначалникот Борче Јовчески.   

Општината е носител на проектот за изградба на манастирскиот водовод и беше задолжена за изготвување на инфраструктурниот- урбанистички проект. Со ребалансот на Буџетот 2023 та година Општината издвои три милиони денари за кофинансирање на проектот за „Трескавец“.
Обновата на изгорените конаци и изградба на водоснабдителниот систем за манастирот“ трае повеќе од една деценија и чини 100.000 евра. Предвидените средства, ги обезбеди Светска Банка преку ТАВ Македонија. „Изведувач на градежните активности за водоснабдителниот систем беше „Игнација“-Битола. Надзорот на работите при изградбата на водоводниот систем во манастирскиот комплекс беше на НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп.

Манастирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е дел од националното културно наследство. Во 2013-та година беше зафатен од силен пожар кој до темел ги пеплоса конаците. Огнената стихија ја одмина само манастирската црква.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со тешки повреди се здобила мопедиска кај кружниот кај Судот

И, додека течеше драмата со убиството на таткото и синот, во 17.30 часот се случува и тешка сообраќајна незгода на кружниот, кај Основниот суд во Прилеп .Тешки телесни повредена добила  девојка која управувала мопед.  Синоќа се  шпекулираше дека девојката загинала, но за среќа возачката на мобед завршува со тешки повреди,по...

(ВИДЕО) ЧУДО! Пожарот “дојде„ до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место

Божјо чудо во Дојран – пожарот дојде до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова место! Како да постоела некоја невидлива линија,  преку која огнената стихија не смеела да помине. Моменти што не потсетуваат на важноста на верата и надежта  во најтешките моменти… Заменик директорот...

Се’ испланирал – убиецот инсистирал неговиот внук да го понесе и синот во посета

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните: на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при...