Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од утре до 8 февруари во Прилеп, ќе се одржи деветтото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter apricots.

Воведен настан на фестивалот е денешната промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации“ од Ана Опачиќ, што ќе се случи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ од  18.00 часот.

Утре пак, фестивалот ќе започне во проекција на танцови филмови, а официјално ќе биде отворен со концерт на групата Калевала во Кино Мис Стон, каде ќе се одвива целата натамошна фестивалска програма.  На фестивалот се пријавиле над 700 филмови од 73 земји

Со задоволство може да кажеме дека и оваа година добивме филмови од секое едно катче од светот, буквално. Ова со други зборови значи многу работа за нас во процесот на селектирање, но истовремено е и едно од најголемите достигнувања за фестивал како нашиот, делумно бидејќи е резултат на едно континуирано инвестирање и воспоставување на соработки со интернационални дистрибутерски куќи, но најмногу бидејќи ни овозможува да создадeме селекции на филмови кои што вклучуваат и популарни и комерцијално успешни филмови, но и не толку познати, независни филмски продукции-велат организаторите.

В петок ќе започне натпреварувачката програма и тоа балканската и првата официјална селекција,   саботната програма ќе донесе промоција на книгата „Стенли Кјубрик: биографија“  од Џон Бакстер, а во натпреварувачката програма ќе бидат прикажани филмови од македонската и вториот дел од официјалната селекција.

Фестивалот ќе биде затворен со завршна церемонија и концерт на групата Занаду.

Ф.Д.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Филмот „На се’ доаѓа крај“ во киното Мис Стон во Прилеп

Во киното Мис Стон утре, 1 април 2026, среда,од 19.00 часот ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“. Филмот е во копродукција од повеќе филмски продукции од Балканот меѓу кои и Македонија. Сценариото е на Рајко Грлиќ, кој воедно е и режисер и Анте Томиќ. ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА:...

Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од авторот Емил Крстески

По Скопје и Охрид денеска и во Градската библиотека „Борка Талески“ беше промовирана новата книга – збирка раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески, прилепчанец, новинар, политиколог, дипломат, прозаист и сликар. Интригантниот наслов на книгата буди интерес за читателската публика, до толку повеќе што авторот Крстески...

Полициски билтен: Се степале затвореници во прилепскиот затвор, пронајдена дрога …

Од полицискиот билтен на СВР Битола за подрачјето на Прилеп: физичка пресметка во прилепскиот затвор, управување автомобил без возачка дозвола и поседување на дрога: На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал...