Виктор Николоски: БЛАГОДАРАМ ОД ❤️ ДОБРИ ЛУЃЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Виктор Николоски од Прилеп им се заблагодарува на своите сограѓани и пријатели за хуманата поддршка, несебичната помош за негово справување со болеста и успешната операција. Преку разни начини за донации, хуманитарни културно забавни настани, поставени кутии пред продавници и услужни дуќани во прилепската чаршија неговиот роден град и сите хумани луѓе до кои допре апелот за помош се обезбедија потребните средства за операција.
Но, акцијата за помош продолжува зашто ќе бидат потребни средства и за рехабилитација по тешката операција.
Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Веднаш по крштевката на неговото дете Виктор дознава дека има тумор на главата. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна беше ИТНА операција која се изврши во клиника во Турција на 30 ти јануари.

Благодарност од срце Драги пријатели, познати, непознати хумани луѓе и сите што ми подадовте рака во најтешките моменти потребната сума е собрана. Благодарност до Фондација Павел Андреев Македонија, до Општина Прилеп , до сите граѓани на општина Прилеп кои се заложивте за мене и моето семејство. Од дното на срцето ви благодарам за вашата несебична поддршка, љубов и дарежливост. Благодарение на вашите донации, мојата операција беше изведена на 30.01.2025, професорот презадоволен од направеното, патологијата мора да ја чекаме некои 2 недели за да знаеме што понатаму и сега сум во процес на опоравување. Не постојат доволно зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност. Вашата помош ми даде надеж, сила и верба дека не сум сам во оваа борба. Вие сте доказ дека хуманоста и добрината сè уште постојат, и секој ваш гест значеше неизмерно многу за мене и моето семејство. Се надевам дека еден ден ќе можам да ја вратам оваа добрина на некој друг кој ќе има потреба, исто како што вие ми помогнавте мене. Нека вашата добрина ви се врати со многу среќа, здравје и љубов. Со огромна благодарност, Виктор Николоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...