Авто Сервис „Топ Дизел” се сели на нова локација во кругот на станицата Еуроконтрол – Облешево…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Авто сервисот „Топ Дизел“, еден од водечките сервиси во Кочани за поправка, одржување на автомобили и автоматски менувачи ќе се сели на нова локација во кругот на станицата Еуроконтрол, во Облешево.

Со оваа прелокација, компанијата ќе може да обезбеди уште подобра услуга за своите клиенти и да го прошири својот капацитет за работење. Новиот објект ќе биде опремен со најсовремена технологија и машини, што ќе им овозможи на техничарите во сервисот да извршат поголем обем на поправки и дијагностика на секаков вид на возила .

„Топ Дизел“ истакнува дека со новата локација и простор, ќе ја зголеми ефикасноста на услугите, ќе отвори нови работни места и ќе ја подобри достапноста за клиентите од Кочани и околината.

Планирано е започнување на операциите на новата локација во текот на следниот месец, со цел да се овозможи непречено функционирање на сервисот и при тоа да се задржи високото ниво на квалитет на услугите. Претставниците на компанијата изразуваат уверување дека оваа прелокација ќе биде значаен чекор за нивниот развој и проширување на бизнисот, како и за подобрување на задоволството на клиентите.

Топ Дизел, Топ Сервис за Топ Возила..
076 / 440 – 090

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Свечено отворена сендвичара „Абракадабра“ во Кочани

Денеска во Кочани свечено беше отворена новата сендвичара „Абракадабра“, која носи свеж вкус и богата гурманска понуда за сите љубители на добра храна. Во понудата на „Абракадабра“ се вклучени разновидни салати, сочни бургери, тостови и сендвичи, вкусни врапови, скара подготвена на лице место, како и неодоливи десерти. За комплетно уживање во пријатна и релаксирачка атмосфера,

Потпишан договорот за изградба на дом за стари лица во Кочани

Локалната самоуправа на Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата  „Фишер-Тихи“  од  Куманово за изградба на домот за стари лица. Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи. Исто така, компанијата „Стентон градба“ од  Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и

Нови бизниси, нови локации, за нови вработувања „Амфенол Заксенкабел“

Свечено е пуштен во употреба новиот деловен простор на „Заксенкабел“ при „Амфенол Технолоџи Македонија“. Дислокацијата треба да допринесе за подобрување на работните услови на вработените, на самите работни процеси, како и можност за идни нови проекти и проширување на производните капацитети. Аквизацијата свечено ја пуштија во употреба генералниот директор на „Амфенол“, Сашко Наков и генералниот