Во ресторанот „Але-Дар“ во Кочани денеска се одржа првата работилница во рамки на проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, што се реализира преку програмата „Еразмус+“.
На работилницата беа презентирани досегашните активности и постигнати резултати од проектот, чија цел е поттикнување на поголема вклученост и поддршка на младите преку заедничка соработка на институциите и граѓанскиот сектор.
На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, основните и средните училишта, Центарот за социјални работи, Црвен крст, како и претставници на повеќе невладини организации.
Повеќе за проектот и активностите слушаме во продолжение од Голубинка Георгиева од Општина Кочани.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









