Општина Чешиново-Облешево учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа.

На фестивалот беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на еко-туризмот.

Особено внимание било посветено на позитивните резултати од Кочанско Поле, кое и понатаму останува едно од најзначајните живеалишта на белиот штрк во регионот.

Според најновите податоци, бројот на гнезда на белиот штрк во регионот бележи значителен раст.

Во Чешиново бројот на гнезда е зголемен од 17 на 33, додека во Облешево од 26 на 34 гнезда.

На ниво на Кочанско Поле се регистрирани вкупно 223 гнезда.

Овие резултати, како што беше истакнато на средбата, се потврда за богатството на природата, традиционалното земјоделство и грижата на локалното население кон животната средина и заштитата на штрковите.

Градоначалникот Јорданче Костадинов во изјава за Радио Кочани истакна дека учеството на фестивалот е значајно за промоција на општината и зајакнување на меѓународната соработка во областа на заштитата на природата.

Чешиново-Облешево останува препознатливо место за белиот штрк и пример како со заедничка грижа на институциите и граѓаните може успешно да се зачува природното богатство. Нашата општина и понатаму активно ќе работи на заштита на штркот и развој на еко-туризмот, истакна Костадинов за Радио Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утревечер стартува 63. издание на ДАФ во Кочани

Утревечер со почеток во 20 часот ќе биде отворено 63. издание на Драмскиот аматерски фестифал (ДАФ), во Центарот за култура „Бели мугри“. На петдневниот настан ќе учествуваат театри од Македонија, Србија и Црна Гора. Затворањето на ДАФ и доделувањето на наградите е закажано за в среда, 20 мај. Програмата во целост:

Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ со успешен јавен час „Музичка среда“ во Мултикултурниот центар во Кочани

Во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавниот час „Музичка среда“, во организација на учениците и наставниците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. Настанот понуди богата музичка програма исполнета со инструментални изведби, преку кои учениците го покажаа својот талент, креативност и музичка подготвеност стекната во текот на образовниот процес.Публиката имаше можност да ужива во

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста