Уживајте во магијата на новата песна на Brass Brothers! (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската музичка сцена е збогатена со нова инспиративна песна – „Better“ од Brass Brothers, која носи силна порака за надеж, упорност и животни лекции.

Музичкото видео за оваа песна е дело на Никола Грнчаров, еден од најголемите поддржувачи на македонската музичка сцена, чија визија и креативност совршено го доловуваат духот на песната.

Текстот и музиката се создадени од Горан Мицевски Кус, кој преку ова дело нè потсетува дека, дури и во најтешките моменти, животот нуди можност за нов почеток. Текстот инспирира со своите стихови:

„Животот е патување, приказна без крај.
Секогаш ќе биде подобро.
Колку пати човек може да падне,
а никогаш да не престане да се издигнува?“

Пораката која сакаме да ја пренесеме до јавноста преку песната е едноставна, но моќна: Без разлика на предизвиците со кои се соочуваме, животот нè учи дека секогаш постои утро после ноќта, светлина после темнината. Само треба да продолжиме да се бориме и да веруваме дека ќе биде подобро.

„Better“ не е само песна – таа е потсетник дека животот е патување исполнето со искуства кои нè обликуваат и инспирација да продолжиме понатаму.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Јавните набавки неатрактивни за локалните компании поради неможност за наплата на услугите

Локалните тендери се еден од главните механизми, преку кои општините ја остваруваат својата потрошувачка. Анализата на Институт за економски истражувања и политики Finance Think за јавните набавки во изминатите 10 години во Прилеп и Крушево открила неколку клучни наоди кои се однесуваат на висината на износите и висока концентрација на...

Од полноќ намалување на цените на бензините

Од полноќ цената на бензинот ќе се намали за 2,5 денари за литар за Евросупер БС-95 и за 3 денари за Евросупер БС-98, а не се менува цената на дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 84 денари за литар Евросупер БС-95 и...

ВО ПАРИЗ СО КУЛТУРНИ НАСТАНИ ОДБЕЛЕЖАНИ 95 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Париз-Бонди, 29 март 2026 Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржа чествување/комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев по повод 95 години од неговата ненадејна смрт во Париз и 136 години од...