Понеделник во Прилеп „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на ВК “Илинден“, в понеделник ( 25 мај) ќе се одржи традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува значаен јубилеј, 20 години од велосипедска традиција, дружење и  рекреација.

Собирното место на трката е Булеварот “Гоце Делчев“,  пред “Реклами„ во 11,оо часот, а стартот е во 12,оо часот. Право на учество имаат сите кои сакаат да возат велосипед, без оглед на старосна граница. Но, покрај исправен велосипед, учесниците ќе мора да носат кацига, како услов за учество на трката, за нивна безбедност.

Тркачката велосипедска рута  е: Прилеп – с. Мало Коњари – Прилеп, во должина од 20 км, а учесници можат да бидат цели семејства,  рекреативци,  деца и млади,  љубители на велосипедизмот. Целта е да се испрати порака дека велосипедот е најдобро алтернативно превозно средство која не ја загадува животната средина. „За поздрава животна средина и  здрав живот, за заедништво и рекреација“, потенцираат организаторите.

Настанот, во 20 години постоење, потврдува дека нуди одлична можност за рекреација, дружење и поттикнување здрави навики. Близу 500 учесници секогаш се дел од  трката „Сите на велосипед“, а интересот за учество од година во година е се поголем. Ова е најстара манифестација од велосипедски карактер. „Од неа излегувале таленти кои потоа се приклучувале во велосипедскиот клуб „Илинден“ како натпреварувачи“, посочуваат организаторите.

Рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“ е со поддршка на Сојузот на училиштен спорт Прилеп,  Велосипедската федерација на Македонија, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, опшествено одговорни компании и е под покровителство на Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Архиепископот Стефан доби копија од Привилегијата од Леополд Први од професорот Дуртаноски

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, денеска во својот кабинет оствари средба со проректор на Европската христијанска академија од Летонија професор Георги Гоце Дуртаноски од Рига. На средбата, професорот Дуртаноски му подари на Архиепископот реконструирана копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки...

(ВИДЕО) Два дена на три локации – одлична музичка атмосфера на отворено

Убава и пријатна музичка атмосфера попладнево во централното градско подрачје.Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан МИхајлоски – Оцка ” , на несекојдневен но многу креативен начин, со концерт кај градскиот саат се претставија пред прилепчани.Се чини дека „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ ” е убава можност односно идеја која...

Од утре ќе биде нормализиран сообраќајот од Прилеп кон Плетвар со санацијата на Ленишкиот мост

Од утре ќе биде нормализиран сообраќајот од Прилеп кон Плетвар кој месец дена имаше измени поради санација на Ленишки мост. „Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп.“...