Се’ е подготвено за Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“во Прилеп и Долнени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Настаните поврзани со Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ започнаа. Во спомен-куќата во Долнени, се одржува работилница за изучување на народниот мелос, на кој присуствуваат десетина млади ентузијасти, а денеска во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавено годинешново 52  издание. Фестивалот ќе се одржи на 22 и 23 мај на две локации – во Прилеп и во Долнени. Отворањето на Фестивалот е утре попладне во 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а в сабота програмата ќе се одржи на Рудина во Долнени со почеток од 18 часот.

Подготвени се и алтернативни сценарија доколку временските услови бидат несоодветни. Во случај на врнежи, првата фестивалска вечер ќе се одржи во киното „Мис Стон“ при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, додека саботната програма ќе се премести во затворената сала во Долнени.

Претседателот на фестивалот, Горан Василески, говорејќи за програмата, посочи дека и годинава продолжува традицијата на масовност и зачувување на автентичниот фолклор.
– Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со својата традиција е еден од ретките фестивали што ги негува традициите на изворниот мелос, гајдата, тапанот, кемането и изворната песна, наследство со векови и генерации. Во последните години фестивалот побудува поголем интерес кај младите генерации особено за изучување на народните инструменти – рече Горан Василески, претседател на фестивалот.
На 52 то  издание се очекува да настапат околу 250 учесници од сите генерации, кои доаѓаат од сите краишта на Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Понеделник во Прилеп „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

Во организација на ВК “Илинден“, в понеделник ( 25 мај) ќе се одржи традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува значаен јубилеј, 20 години од велосипедска традиција, дружење и  рекреација. Собирното место на трката е Булеварот “Гоце Делчев“,  пред “Реклами„ во 11,оо часот, а стартот...

Архиепископот Стефан доби копија од Привилегијата од Леополд Први од професорот Дуртаноски

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, денеска во својот кабинет оствари средба со проректор на Европската христијанска академија од Летонија професор Георги Гоце Дуртаноски од Рига. На средбата, професорот Дуртаноски му подари на Архиепископот реконструирана копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки...

(ВИДЕО) Два дена на три локации – одлична музичка атмосфера на отворено

Убава и пријатна музичка атмосфера попладнево во централното градско подрачје.Учениците од Општинското основно музичко училиште „Ордан МИхајлоски – Оцка ” , на несекојдневен но многу креативен начин, со концерт кај градскиот саат се претставија пред прилепчани.Се чини дека „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ ” е убава можност односно идеја која...