Вечерва во прилепската библиотека ќе бидат наградени најдобрите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва од 19.00 часот, градската билиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде местото каде ќе се соберат најдобрите рецитатори, литерати и краснописци од општинските натпревари за учениците од средните и основните училишта во Општина Прилеп.
Во рамки на овие натрпевари што традиционално се одржуваат во библиотеката, на менторите и на учениците ќе им бидат врачени дипломи за постигнатите резултати, а децата ќе добијат и избор книги како и пакетче производи од богатиот асортиман на „Витаминка“ како подарок од компанијата.
Oва е прв официјален настан, по именувањето на Андриана Ристеска за директор на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.
Фото: ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во...

Меморијален хуманитарен турнир во футсал во чест на Бојан Китаноски

Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на  Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години. Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор...

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на Крали Марко

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена. Во рамките на програмата вечерва...