Акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Вработени во KЈП „Водовод“ –  Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена ја започнаа акцијата за миење и дезинфекција на подземните контејнери наменети за одлагање на отпадот, поставени во централното градско подрачје во општина Кочани.
 Започнатите активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со кои возила се спроведува и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите.
Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција набавено од економскиот оператор задолжен за третирање на Градската депонија со алги и микроорганизми.
 Машинското миење се одвива во раните утрински часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците.
Ваквите активности кои започнаа денес и се одвиваат во централното градско подрачје на општина Кочани ќе продолжат во сите останати населени места во текот на престојните десетина дена.
КЈП „Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот!!!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Расчистено вчерашното убиство во Виница, кривична пријава за осомничениот 80 годишен грчки државјанин, лишени од слобода четири лица

На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид на во блицина на Виница каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов. Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се

Само Кочани ја претставуваше Македонија: ПСК „Осогово“ дел од европскиот самит на Копаоник

По покана од Центарот за туристичко истражување и развој на планинските центри во Европа, претставници од Кочани учествуваа на Самитот на планински центри од Централна Европа – MoReSCE 2026, што се одржа од 24 до 26 март во хотел „Горски“ на Копаоник. Станува збор за значаен меѓународен настан на кој учество зедоа еминентни експерти, претставници