„Малите ѕвезди“ блеснаа на сцената – 203 дечиња од „Павлина Велјанова“ – Незаборавните денови во градинката крунисани со песна, игра и детски насмевки

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Под мотото „Малите ѕвезди, големи соништа“, дечињата од големите групи од сите клонови на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата завршна приредба.

На сцената во Центар за култура „Бели мугри“ настапија 203 дечиња, кои преку песна, игра и насмевки на свој начин се збогуваа со еден од најубавите периоди од детството. Голема поддршка од публиката им дадоа нивните родители, роднини и најблиски, кои со гордост ги следеа настапите на идните првачиња.

Од есен, овие мини матуранти ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето основно образование.

Директорката Ефтимова им посака многу успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека со труд, упорност и знаење ќе израснат во успешни и одговорни граѓани на Македонија.

Со многу аплаузи, емоции и детски насмевки заврши вечерта посветена на најмалите ѕвезди.

За нив ова е крај на едно безгрижно поглавје, но и почеток на ново патување исполнето со знаење, другарства и нови соништа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност. Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма.

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик“

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ

ВО ШАНГАЈ ПОЛНА САЛА И АПЛАУЗИ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „РУИНИ“ НА ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА ЗА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.