Александра Трајческа: Пренесов убава енергија на Макфест

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Навика“ е песната со која  се претстави на Макфест 2024. Кои се авторите на песната и како си задоволна од настапот? 

Многу сум задоволна од настапот на Макфест, сметам дека добро ја пренесов енергијата од песната на публиката, иако секогаш сметам дека има место за подобрување од технички аспект. Како комплетен автор се потпишува Зоран Алексиќ ,а заслужни за текстуалното видео кое ќе излезе со песната се SkyEye. Подготовките за песна беа забавни,во полна пареа ,исполнети со неочекувани пресврти но, неуморни.

https://www.youtube.com/watch?v=oF4u3F9DGr0

Неодама ја отпеа и извонредната и незаборавна „Еден бакнеж“. Колку македонската евергрин музика влијае врз твојот музички развој?

Македонската музика претставува корен и почеток за секој музичар кој што е роден тука,сме одраснувале со македонски хитови,македонските текстови се романтични и реалистични,а мелодиите певливи и емотивни.Кој музичар не би сакал така да звучи?

Кои се твоите актуелни музички ангажмании, што можеме да очекуваме од тебе наскоро, на музички план?

Моментално работам на авторски материјал,кој ќе имате можност да го слушнете во наредната година, а моментално работам и патувам како фронт- woman на крузер.

Да не беше пејачка, Александра ќе се занимаваше со….

Да не бев пеачка, ќе бев фризерка.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Метеролошки аларм: Вечерва се очекува многу дожд и висок водостој на реките

Според хидролошката информација добиена од УХМР, за време на вечерните часови и ноќта, се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува  да ја зафатат целата територија на земјата. “Иако, на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат...

Засилени полициски контроли за дрвокрадци: апсење и одземени две возила кај Оревоец и Плетвар

Во еден ден, две возила на дрвокрадци полицијата пронајде кај селото Оревоец и на Плетвар. Засилените контроли против дрвокрадството продолжуваат, информираат од Министерството за внатрешни работи: На 24.03.2026 околу 22:30 часот на место викано „Маркова чешма“ во реонот на с.Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина...

Прилеп: Претстава „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец” по повод Светскиот ден на театарот

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот  во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“. Во претстваата играат: Хари- Бобан Алексоски-Хермиона, Валдена- Надица Петрова Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски, Волдеморд- Тодор Стојковски –...