Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година.

„Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 година и до ден денес успешно  „живее“ на сцените  ширум светот. Она што е фасцинантно околу овој текст е  што влезе во Гинисовата книга на рекорди  како најмногу поставуван француски текст воопшто.

Според режисерот Синиша Ефтимов,  во прилепската верзија во „Девојките на Марко“ има асимилација на ликовите  и топонимите, а дејствието е современо и модерно.

– Прилеп од иднината или подобро кажано Прилеп од паралелен универзум.  Заплетот ќе биде многу едноставен  и проектиран околу животот на  еден успешен млад  човек,  Марко, неговите проблеми со три девојки, со кои тој се забавува, во прецизно  време, внимателно испланирани, со цел тие никогаш да не се сретнат. Сите три се стјуардеси со свои планови з алетање, кои не с епоклопуваат, се разбира до кобниот ден  кога тоа ќе се случи…. Претставата ќе биде за ведрата страна на животот, за пријателствата, нивните значења во моментите кога го одредуваат патот во остатокот од животот. Претстава која ќе донесе свежина во  репертоарот на прилепскиот театар – вели во експликацијата за претставата режисерот Ефтимов.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп се подготвува за Пиво фестивалот 2026

Од 17 ти до 19 ти јули, Прилеп ќе е во центарот на забавните летни случувања во Македонија – ќе се одржи Пиво фестивалот 2026, познат како Пивофест. „Три незаборавни денови исполнети со одлична музика, ладно пиво, добра храна и врвна забава. На сцената ве очекуваат најголемите домашни и балкански...

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...