Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета со многу песна, оро, насмеани лица, позитивни вибрации и пријателско расположение. Прилепските матуранти навистина го привлекоа вниманието на прилепчани но и искрено, донесоа ведрина низ прилепската чаршија. Во продолжение погледнете го видеото од атмосферата, а на овие млади личности, успех во нивниот живот и многу успеси понатаму од тимот на #РАДИОШТОСЕГЛЕДА









