Александра Димитрова изложува во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В петок на 25 октомври од 18.30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ликовната изложба „Нова димензија во создавање 2 – Портрети“ од авторката Александра Димитрова.

Ликовниот уметник Синиша Новески  во анализата на делата на Александра  Димитрова, вели дека самиот чин на создавање уметничко дело е трансформирање и создавање нова метафизичка димензија, чиј краен резултат е дело кое е поразлично од реалноста.

Затоа сликите на Александра Димитрова, и покрај тоа што мотивите се пејзажот и портретот, се оригинални и претставуваат нејзино индивидуално гледање и креирање на овие мотиви. Во нејзините слики се чувствува силна експресивност и виталност преку играта на ликовниот јазик-подвлекува Новески.

Александра Димитрова е родена во Кочани 1986 год. Во 2001 година се запишува во средно уметничко училиште, ДСУПУ „Лазар Личеновски“ во Скопје, на одделот Применето сликарство. Веднаш по завршување на средното образование во 2005 година продолжува на ФЛУ во Скопје на одделот Сликарство со конзервација и реставрација. Во 2011 год. магистрира на ФЛУ во Скопје. Во 2024 година ги започнува своите докторски студии на НХА во Софија, Р. Бугарија.

Учесник е на многу ликовни колонии, семинари, симпозиуми, организации на ликовни настани и на многу групни изложби во и надвор од својата држава. Досега има остварено многу самостојни проекти, работилници и 12 самостојни изложби во Скопје, Штип, Кавадарци, Кочани, Неготино, Пробиштип, Крива Паланка и др. Од 2009 г. e член на Друштвото на ликовни уметности на Македонија – ДЛУМ во Скопје. Од 2023 година е член и на Друштвото на ликовни уметности на Битола – ДЛУБ.

Од 2017 година активно работи и изработува современи мозаици во соработка со Здружението од Скопје „Добре дојде Macedonia Welcome Centre“.

Моментално работи во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Oд 2015 година e стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн, а воедно работи и како професор по ликовна уметност во Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Со ова училиште има реализирано многу проекти, ликовни работилници, многу изложби и ликовни перформанси.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 8 ноември.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🎁Протектор полиса за животно осигурување може да биде и подарок🎁

Секоја е нова година е почеток на нови предизвици. Но при правењето на избор за одредени решенија најважна е довербата стекната низ искуството за одредена услуга или производ.  Како да се направи вистинскиот избор за намалување на ризиците кои животот може да ги донесе?  Протектор Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп...

Промена на директорската позиција на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Нова промена на позицијата менаџер на ЈКП Комуналец- Прилеп. На позиција директор на ЈКП Комуналец- Прилеп, назначен е Љубиша Јованоски, дипломиран економист, вработен во Терминал  од ЈКП “Комуналец “. – Цел  на ваквите промени е внесување  на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.Очекуваме одговорно, транспарентно и посветено...

Каде е и што откри „скриената камера“ на Радио Пела во собраниската сала ?!

Медиумите во општина Прилеп денеска на деветта седница добија опомена од собраниската говорница да не снимаат и да не ГИ пренесуваат седниците на Советот! Ова, по барање на советникот Жарко Стеваноски, инаку адвокат по професија, кој од говорницата истакна (дословно цитираме): „Уште на првите седници, стана збор за пренесување на...