Македонија и Балканот денеска во чест на Тоше Проески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден, пред 17 години трагично го загуби животот еден од најголемите музички имиња, Тоше Проески , во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. во Прилеп. Својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик.

Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

По 16-ти пат, и маратонците на 14 октомври започнаа да трчаат од Нова Градишка кон Крушево во чест на Тоше Проески  под насков„Трчаме за нашиот ангел“. Пред да тргнат на пат долг 900 километри, маратонците положија цвеќе пред споменикот на Тоше кај Новоградското електротехничко-економско училиште.  Во петокот ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде беа пречекани од македонскиот амбасадор во Хрватска. Тие трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија,  до Скопје. Оттука ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат денеска, 16 октомври, околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески. Учесниците ќе го завршат ултрамаратонот на Гумење

Инаку во чест на Тоше проески во Крушево на 25 април 2011 година е отворен и овој импозантен музеј, Спомен дом кој една деценија ја раскажува приказната за Тоше, за големиот музичар, за хуманистот, човекот кој и денес ги плени срцата на луѓето од земјава, Балканот и од Европа. Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево за десет години ја посетиле преку 700 000 гости.  Спомен-куќата е симболиката на сѐ во што веруваше Тоше, најпосетуваниот музеј на овие простори и со меѓународна награда за уникатно архитектонско дело. Во него се изложени 350 експонати, предмети, дел од животот на Тоше, а во депото има уште.

И , 17 години по смртта, Тоше останува  непребол, за Македонија и Балканот, а неговите песни остануваат како траен белег за неговата љубов кон музиката и луѓето.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Прилеп продолжува со јакнење на врските со Народна Република Кина

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија Џијанг Сјаојан. На средбата станало збор за унапредување и јакнење на соработката што Македонија и Прилеп ја има востановено во повеќе области економија, туризам, култура, а особено во образованието со Народна Република...

🎁Започна Прилепската празнична 🎉приказна ✨

Со музика, забава, подароци, смеа и дружба денеска започна првата Прилепска празнична приказна. Манифестацијата стартуваше во 11 часот на уредениот и адаптиран простор на плоштадот Методија Андонов Ченто каде има поставено 7 дрвени украсени куќарки (симболична бројка за 7 децении од постоењето на Витаминка) на кои има храна и топли...

Прогласување кризна состојба од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила...