Велосипедска трка Сава Мариово тур

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk
На 29.09.2024 г,  недела, ќе се одржи велосипадската трка „Сава Мариово тур“. Стартот е предвиден од пред реклами во 10 часот. На трката се пријавени  240 натпреварувачи од цела Македонија. Во посебна конкуренција ќе возат и 160 деца на возраст од 4 до 6 години.
Ќе се вози на патека во должина од  55 км. Патека на движење: од пред Камена бина во центарот на градот, Кружен тек пред судот, десно покрај хотел Липа, право покрај мебел Ви, на семафор десно по стариот пат на излезот спрема Битола, покрај салон Романса, лево на надвозник кај с. Лагово, с. Штавица, превој Слива.
За рекреативците турата од 21 км.
Трката е во организација на „Нови маркови внуци“, поддржана од Општина Прилеп.
Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО ) Доминација на Матеј Чатлески во Бор – трет триумф за прилепскиот боксер

Прилеп треба да се гордеее со својот боксерски шампион.Чатлески вечерва доминираше во Бор во ч четирите рунди и покрај тоа што против него имаше поискусен професионален боксер , во името на Милош Јанјанин.Доминацијата на Чатлески се потврди уште во почетните две рунди а во третата на противникот и му се...

Немила сцена во Прилеп – капитенот на ФК Победа колабираше на терен

Ужаснa сцена во 75 тата минута од средбата меѓу Победа и Детонит во Прилеп, кога момчето, капитен на Победа, Кристи Крајоски, кој има само 19 години, падна на теренот колабираше и  изгуби  свест. Инцидентот предизвика загриженост кај соиграчите и навивачите, а медицинскиот тим веднаш интервенираше на теренот. Паника се створи...

АКЦИЈА ЗА ЧИСТ ПАРК ВО СЕЛО ОБРШАНИ

Екипите на ЈП „Пелагонија“ – Кривогаштани во еко акција за средување и чистење на паркот во населеното место Обршани. Отстранет е насобраниот отпад, сувите гранки и паднатите лисја од зелените површини. Просторот околу клупите и детските реквизити е исчистен и подготвен за пријатен престој на жителите.