Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож во вратот…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Притворен маж чиј нож се скршил при обидот да убие лице со кое се пазарел за мобилен телефон

Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Зрновци пронајдено женско тело во распаѓање – обдукцијата е во тек

До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање. Жителите на општината за Радио Кочани вознемирено сведочат како дознале за немилата случка. Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Неофицијално – не е исклучена можноста од

Приведен виничанец со 2,02 промили алкохол – физички ја нападнал сопругата во дворот

Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Виница лишиле од слобода 35-годишниот Џ.А. од Виница, по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга во дворот на семејниот дом. При извршен алкотест било утврдено дека Џ.А. имал 2,02 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.

Рачните изработки и уметничките слики на пензиониранта докторка Лујза Јаневска од Пробиштип – најпосетувани на манифестацијата „Зелникот на баба“..

Денека во Пробиштип во рамки на манифестацијата „Зелникот на баба“, свој штнад со рачни изработки имаше и пензиониранта докторка Лујза Јаневска. Радио Кочани зборуваше на оваа тема со неа. Во продолженние видео материјалот: