Општина Виница ги отстрани времените објекти (бараки) на улицата „Илинденска“, кои со години беа нефункционални и претставуваа несоодветна слика за овој дел од градот.
По нивното отстранување, започнати се активности за уредување на просторот и создавање дополнителни паркинг места.
Од општината информираат дека новите паркинг капацитети ќе бидат од особено значење со претстојното отворање на затворениот градски пазар, проект на кој интензивно се работеше изминатите шест месеци.
Се очекува пазарот наскоро да биде ставен во функција, а новообезбедените паркинг места да им олеснат на граѓаните при неговата посета.
Проектот е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подобрување на урбаното уредување и квалитетот на живот во Виница.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









