(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки.

Радио Пела посети дел од средните стручни училишта во Прилеп. Еве каков бил интересот во првото пријавување во СОУ „Ѓорче Петров“, „Ристе Ристески Ричко“ и „Орде Чопела“ во Прилеп за тоа кои профили и струки ќе бидат на сеуште на располагање за полуматурантите:

Второто електронско пријавување е на 23 јуни, а августовскиот рок е закажан за 20 ти август.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...

Уште една донација за Прилепската болница – „џебен“ ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите

Прилепската болница на иницијатива на пензионираниот доктор Златко Савоски доби донација – ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите кој ќе се користи на интерното одделение, првенствено во Центарот за дијабет, како и во другите одделенија кај хоспитализирани пациенти без да бидат транспортирани за дијагностика со ултразвук. Ова е прв ваков...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...