На вонредна седница, Советот на општина Прилеп го донесен Општински енергетски план за 2027 година, чија цел е да се намалат трошоците за електрична енергија и да се преземат конкретни и издржани решенија за зголемување на енергетската ефикасност во оппштината.
Оваа точка предизвика низа дискусии. Се бараше да се достави појасна слика за тоа кои мерки се предвиедени во локалниот енергетски планот и што ќе се преземе за подобра енерегтска ефикансот на Општината, со точно утврдени податоци и анализи, како ќе делува заголемување на обновливите извори на енергија за граѓаните на Прилеп , поточно објаснување што опфаќа планот за енергетска ефикасност, бидејќи советниците од опозицијата сметаат дека ова е избрзана седница за ваков важен стратешки документ.
Со 23 гласови за и тројца воздржани, инеколку часовна дискусија, Советот на општина Прилеп го усвои Општински енергетски план за 2027 година.
Општинскиот енергетски план, со кој се воспоставува структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално ниво, овоможува регулација, пристап и воведување ред, предвидливост и рамномерност во развојот на енергетските капацитети во општината.
Општински енергетски план за 2027 година содржи, како што беше објансата на седницата содржи, предлози за инвестиции, иницијативи на инвеститорите кои планираат реализација на енергетски објекти со моќност до 1 мегават, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија и рационално корстење на енергијата во општината. Планот е усогласен со стратешката визија за одржлив локален развој преку зголемување на локално производство на енергија од обновливи извори на енергија, првенствено фотоволтаици на кровови и избрани локации, потоа со намалување на потрошувачка во јавниот сектор, подобрување на енергетскиот менаџмент и планирање.
Со воспоставувањето на овој енергетски систем, за првпат се гради темел за долгорочно, контролирано и стратешко управување со енергетските инвестиции во интерес на граѓаните, општината и прилепската економија.
Инаку, општинскиот енергетски план на Општина Прилеп за 2027 година е изработен врз основа на национално законодавство во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори и е усогласен со националните цели и мерки утврдени со Интегрираниот национален план за енергијата во соработака со Министерството за енергетија, рударство и и минерални суровини. (МЕРМС)









