„Кога зборува Рацин – зборува Македонија“: Во Прилеп ученици од училиштата „Рацин“ ја оживеаја неговата мисла

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во духот на културната традиција и љубовта кон македонската литература и јазик, ООУ “Кочо Рацин“ – Прилеп со одличен проект, насловен КОГА ЗБОРУВА РАЦИН – ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА“, организиран во соработка со останатите училишта во Македонија кои го носат името на големиот писател и револуционер Кочо Рацин, го организираа дводневен настан кој ја потенциара важноста и посветеноста кон негувањето на  јазикот и културнот наследство.

Настанот започна со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, посета на Меморијалниот музеј 11-ти Октомври, каде учениците се запознаа со македонската историја,  посета на Галеријата на икони.

Учениците од сите четири партнерски училишта кои учествуваат во проектот, преку разни интресни едукатвно – забавно активности, натпреварувања, туристичка тура низ Прилеп за запознавање со култрното – историско богатсво на градот, драмски изведби, културно забавна програма во чест на Рацин, ја оживуваа мислата и делото на македонскиот поет. Со својата креативност и енергија тие потсетија дека неговите стихови и дело не се само дел од историјата, туку и жива порака за идните генерации.

„Љубовта кон татковината, јазикот и културното наследство не се учат само од книга , туку тие се живеат и се пренесуваат.“ истакна директорката на ООУ Кочо Рацин“ – Прилеп, Јулијана Тренкоска пред присутните гости, ученици и родители.

 

Иницијативата започна минатата година во Дојран, за да продолжи годинава во Прилеп. Го продолжуваме делото на големиот великан. Целта е децата да сфатат дека на училиште не се здобиваат само со знаење, дека треба да се дружат, да создаваат емпатија и да имаат вештини кои ќе треба да ги употребат во реалниот живот“  вели Габриела Темелкоска, координатор на проектот од ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 Дводневнот настан се одржува на различни локации со различни содржини, исполнет со  тимски игри, штафетна јазични сложувалки емоции, истражување на градот преку загатки и задачи, музички точки, но секој настап има улога да ја пренесе силата на македонскиот јазик и дух. Гостите од другите градови имаа можност да уживаат во богата програма што ја организира ООУ “Кочо Рацини“  – Прилеп , преку која се истакнува важноста на културното наследство и улогата на училиштата во неговото негување.

Со оваа манифестација на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп потврди дека делото на Кочо Рацин е темел на македонската книжевност и национална самосвест, а училиштата кои го носат неговото име покажаа дека се вистински чувари на културната меморија заедно со своите учениците како најдобри амбасадори на македонската традиција.

Настанот кој носи  заедничка порака:“ Кога зборува Рацин, зборува Македонија“ завршува утре со музичка – културна програма во амфитеатрот во Варош, со песни и рецитали за македонскиот деец, пренесувајќи ја пораката дека кога зборува Рацин, зборува срцето на еден народ кој никогаш нема да заборави да ја слави својата култура и идентитет.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....