Кои се млекарите кои пласирале млечни производи со отстапки од декларацијата?!та и продавале

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Голема измама на потрошувачите откри Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети низ земјава.

Официјалните ветеринари подигнале вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз) за да утврдат дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

Според резултатите, кај дел од производителите биле утврдени отстапувања во процентот на млечни масти и протеини, а во еден случај биле откриени и растителни масти во производ што се декларира како млечен.

Според  КУРИР меѓу производителите кај кои се утврдени неправилности се:

1.Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%.

2.Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%.

3.Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин деклариран 3.5% по анализа 3%. Павлака кисела по декларација млечна маст е 18%, по анализа 14%.

4.Млекара Ѓорѓиеви, козјо сирење, по декларација 23%, по анализа 16.3% млечна маст. Протеин по декларација 18.8%, по анализа 14.6%.

5.Млекара ПК Златибор Србија, увоз-златиборско ситно сирење по декларација млечна маст 14.3% по анализа 1.19%.

6.Млекара Бела фарм производ урда потекло Србија Хомоље, по декларација млечна маст 25%, по анализа 5.54%.

7.Млекара -Продукт бренд, кравјо сирење по декларација млечна маст 15%, по анализа 11.4%. Протеини 12%, по анализа 15%.

8.Тетовска млекара, мешано сирење, по декларација 23% ,по анализа 19.8% млечна маст.

9. Млекара Норд милк, млечна павлака со пиперка позитивна на растителни масти.

Во меѓувреме Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш јавно ги демантираше, како што наведуваат, сите шпекулации и индиректни асоцијации кои во јавноста се појавиле во врска со скандалот за неправилно декларирање на млечни масти.

Од компанијата велат дека досега не добиле никакво решение, известување, казна или препорака од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на неправилности во декларирањето на нивните производи.

Тие додаваат дека сите нивни производи биле тестирани и дека во целост ги исполнуваат законските стандарди за безбедност на храната.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци. Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура....

„Авто Контрол“ Прилеп – докажан бренд и ваш сигурен партнер во сообраќајот

Интервју со м-р Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ од Прилеп, компанија која повеќе од една деценија успешно работи кога станува збор за возила и безбедност во сообраќајот. Располагаат со станица за технички преглед и техничка служба, најсовремен сервис на возила кој им овозможува на клиентите да добијат целосна...

(ФОТО)Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија

Витаминка АД Прилеп одбележа 70 години од своето постоење, јубилеј што ја потврдува нејзината позиција како една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании и лидер во прехранбената индустрија. По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето...