Во киното Мис Стон документарен филм “Железна тврдина” базирана на случки на лица со психички нарушувања

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

НА 3-ТИ ЈУНИ во  20:00, Во киното„Мис Стон“ – Прилеп, ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на Пиреј Филм  “Железна тврдина – Филмска работилница”, во режија на Митко Панов.

Актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитацијана Психијатриската Болница во Демир-Хисар, заедно со гостите во филмот , меѓу кои; Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Синоличка Трпкова, Благоја Грујовски, Атиџе Муратова

 Филмот е снимен во соработка на Н.О. НЕБО, од Суводол, предводена од Јасмина Котевска и Стефан Шашков. Темата е “Филмот како терапија”, во контекст на веќе популарното користење на цртежот, сликата, музиката и раскажувањето како терапевтски и дијагностички алатки во работа со лица со психички нарушувања.

“Железна тврдина” го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, но со документаристички пристап, филмската приказна вплотува и елементи на фантазија, односно бајка.

Поголем дел од филмот е снимен меѓу 2021 и 2023 година, за време на филмските работилници организирани со цел да се пребродат долгите интервали на  пандемски затварања и изолација, кои негативно се одразија на пациентите.

“Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативните вежби полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и изведените идентитети почнуваат да се преклопуваат. Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесноста и несвесноста се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘oдблиску, никој не е нормален’.”, велат организаторите

Влезот е СЛОБОДЕН и ќе бидат присутни и  авторите. 

 

 За разлика од телесното (физичко) здравје, менталното здравје и хигиена, се чест предмет на стигмитизција, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.  Со оглед на тоа, процесот на ре-социјализација и адаптација е макотрпен и долг речиси невозможен без соодветни механизми и хуманитарен ангажман од страна на здравствените институции, образованието, но и секој од нас поединечно. Гледан од таа перспектива, прерогатив на филмот е подигнување на нивото на свеста и информираност меѓу граѓаните.       

 

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Советот на Општина Прилеп го донесе Општински енергетски план за 2027 година

На вонредна седница, Советот на општина Прилеп го донесен Општински енергетски план за 2027 година, чија цел е да се намалат трошоците за електрична енергија и да се преземат конкретни и издржани решенија за зголемување на енергетската ефикасност во оппштината. Оваа точка предизвика низа дискусии. Се бараше да се достави...

„Кога зборува Рацин – зборува Македонија“: Во Прилеп ученици од училиштата „Рацин“ ја оживеаја неговата мисла

Во духот на културната традиција и љубовта кон македонската литература и јазик, ООУ “Кочо Рацин“ – Прилеп со одличен проект, насловен „КОГА ЗБОРУВА РАЦИН – ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА“, организиран во соработка со останатите училишта во Македонија кои го носат името на големиот писател и револуционер Кочо Рацин, го организираа дводневен настан...

Кои се млекарите кои пласирале млечни производи со отстапки од декларацијата?!та и продавале

Голема измама на потрошувачите откри Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети низ земјава. Официјалните ветеринари подигнале вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз) за да утврдат дали нивниот реален квалитет соодветствува со...