(ФОТО)Со изложба и презентација во СОУ „Р.Р.Ричко“ одбележани 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод големиот јубилеј – 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во организација на професорот Никола Толоманоски и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ) се одржа исклучителен културно-историски настан насловен „Од минатото до денес – приказни што вреди да се слушнат“. Отворена и презентирана беше богата изложба од историски факти и фрагменти кои сведочат за македонската историја за Македонскиот фронт кој во балканската и во светската историографија бил именуван и како: Солунски фронт, Фронт на Ориентот, Балкански, Јужен или Заборавен фронт.
Македонскиот фронт бил прв фронт кој сојузниците го пробиле на 15 септември 1918 година во битката кај Добро Поле, со што била навестена капитулацијата на Централните сили и крајот на Првата светска војна.

Настанот побуди огромен интерес и привлече голем број гости, меѓу кои и бројни ученици од основните училишта во Прилеп, кои имаа можност да научат нешто повеќе за нашата историја преку изложените материјали. Учениците од нашето училиште со многу труд, посветеност и знаење одлично ја презентираа изложбата пред сите присутни. Упатуваме јавна пофалба до: Димески Петар, Стојановски Петар Димоски Максим, Трајкоска Емили, Мирческа Елена, Талевска Ивана, Јорданоска Теодора, Стојановски Христина, Манческа Андријана, Аљакоска Слаѓана и Момироска Михаела. Историјата не е само минато, таа е лекција за иднината. Огромната посетеност на настанот потврди дека автентичните фотографии и факти секогаш будат најголем интерес кога се пренесени со вистински ентузијазам, посочуваат од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп.

Македонскиот фронт неформално започнал во октомври 1915 година со концентрација на силите на Антантата во градот Солун, а од декември 1915 година и со воени формации на Централните сили. Главната линија на фронтот се протегала од Охридското Езеро до Орфанскиот Залив на Егејското Море, а помал стратегиски дел ја опфаќал линијата од Охридското Езеро до Валона во Албанија со вкупна должина од 600 км.
Денес, на македонска територија, на линијата Дојран – Битола – Охрид, од околу 220 км, сè уште се наоѓаат видливи траги од борбите на фронтот. На него се воделе повеќе сложени воени операции и тешки битки, како оние на Црна Река, Горничево, Кајмакчалан и Добро Поле.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градскиот саат запеа нова мелодија -„Серенада за Прилеп“

И, на прилепскиот градски саат му се допадна „Серенада за Прилеп“ во изведба на Блага Петреска, Александар и Дац, па почна да ја пее на пладне. Со означување точно 12,оо часот, градскиот саат ја промени својата музичка нумера, во нов музички жанр серенада и ги изненади пријатно прилепските трговци и...

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...