Градскиот саат запеа нова мелодија -„Серенада за Прилеп“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

И, на прилепскиот градски саат му се допадна „Серенада за Прилеп“ во изведба на Блага Петреска, Александар и Дац, па почна да ја пее на пладне. Со означување точно 12,оо часот, градскиот саат ја промени својата музичка нумера, во нов музички жанр серенада и ги изненади пријатно прилепските трговци и занаетчии во старта прилепската чаршија, со нова музичка нумера за Прилеп, „Серенада за Прилеп“.

Музиката го преплавува и плоштадот, а убавата, певлива мелодија со прекрасниот глас на Блага Петреска, и гласовните придружби на Дац и Александар, донесе насмевки и кај минувачите и посетителите на градот.

Жителите со радост коментираа дека „времето напладен никогаш не звучело толку убаво“. Саатот, кој со години е симбол на градот, сега доби и улога на  “музички амбасадор“ на новата песна за Прилеп, кој го разбуди чуствтото за убавината, минатото и вредностите на градот и неговите жители.

Со оваа промена, градскиот саат не само што го мери времето, туку и го разубавува, претварајќи го секој пладневен момент, во мала пријатан серенадска свеченост.

Нова музичка посвета со песната „Серенада за Прилеп“, создадена од „Витаминка“ по повод 70 години од постоењето на компанијата, во соработка со Блага Петреска, Дац и Александар Митевски е песната, замислена како емотивен подарок за градот под Марковите Кули, со мотиви од прилепската чаршија, тутунот, корзото, каменот и препознатливата градска атмосфера. Во неа Прилеп е претставен не само како географско место, туку како простор на спомени, традиција, локална гордост и генерациска врска со градот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....