Зрновци: 150 учесници трчаа на урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Околу 150 натпреварувачи од сите возрасни групи учествуваа на петтиот традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“ во чест на прерано починатиот жител на општина Зрновци, Васе Ангелов.

Се трчаше на патеки долги два и четири километри, од мултинаменското спортско игралиште на влезот во Зрновци, потоа низ улиците во општината, при што крајната цел беше повторно игралиштето што го носи името на  Васе Ангелов.

Настанот беше во организација на Општина Зрновци и Локалниот младински совет.

Заклучокот на градоначалникот Ванчо Митев и на претседателката на Локалниот младински совет, Божица Бошкова е дека натпреварувачите успешно ја истрчале патеката и ја остварија заложбата на локалната самоуправа на Зрновци за традиционално одржување на манифестацијата.

Денеска, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по петти пат традиционално го одржа урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“.  Имаше пријавен околу 150 учесници. За разлика од минатите години, сега имаме направено една мала измена, кросот е поделен во две категории, а се трчачаше на две различни делници, истакна градоначалникот на општина Зрновци, Ванчо Митев.

 

Трката помина одлично без никакви проблеми, при што учесниците трчаа на два и четири километри. Ние како Локален младински совет се залагаме за понатмошна релизација на вакви активности, исткана Божица Бошкова, претседател на Локалниот младински совет.

Целта на настанот  е промовирање на спортувањето меѓу младите во Зрновци, како и чување на споменот на  Васе Ангелов.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Осогово“ утре домаќин на меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“

ГФК „Осогово“ утре, 24 мај  (недела), на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе го организира меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“ во категоријата пионери. Покрај домаќинот „Осогово“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на „Борец“ од Велес, „Слога“ од Виница и „Саса“ од Македонска Каменица, а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат интересни

„Осогово“ со 54 бода и директен опстанок ја заокружи успешната сезоната 2025/26

ГФК „Осогово“ денеска го одигра последниот натпревар во рамки на 30. коло од Втората македонска фудбалска лига, со што официјално беше спуштена завесата на успешната натпреварувачка сезона за „жолто-сините“. Во последниот меч од сезоната, жетварите одигра нерешено 3-3 против екипата на „Новаци“, во дуел исполнет со голови и возбудувања. Кочанскиот второлигаш сезоната ја заврши на

Секоја емоција заслужува внимание !!! – Кочани доби бесплатен центар за поддршка и советување на момчиња и мажи во кризи

Денеска во Кочани во Општатат болница беше имплементиран проект за пилотирање на советувалишта за мажи во Македонија. Програмата ја отвори програмската директорка на Асоцијацијата  за здравствена едукација и истражување, Елизабета Божиновска.   Најпрво, дозволете ми да изразам искрено сочувство до жртвите во Кочани и нивните семејства. Во контекст на оваа трагедија, Австрија обезбеди лекување за