ГФК „Осогово“ утре, 24 мај (недела), на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе го организира меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“ во категоријата пионери.
Покрај домаќинот „Осогово“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на „Борец“ од Велес, „Слога“ од Виница и „Саса“ од Македонска Каменица, а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат интересни и возбудливи натпревари меѓу младите надежи.
Свеченото отворање на турнирот е предвидено за 09:30 часот.
Од клубот ги повикуваат сите симпатизери и љубители на „жолто-сините“ да присуствуваат на турнирот и да дадат поддршка на пионерската екипа на „Осогово“, која утре и официјално ќе го добие пехарот за освоеното прво место во Источната пионерска лига за сезоната 2025/2026.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









