ГФК „Осогово“ денеска го одигра последниот натпревар во рамки на 30. коло од Втората македонска фудбалска лига, со што официјално беше спуштена завесата на успешната натпреварувачка сезона за „жолто-сините“.
Во последниот меч од сезоната, жетварите одигра нерешено 3-3 против екипата на „Новаци“, во дуел исполнет со голови и возбудувања.
Кочанскиот второлигаш сезоната ја заврши на одличното 6. место меѓу 16 екипи, освојувајќи вкупно 54 бода, со реализација од 60 проценти.
Тимот во есенскиот дел освои 24 бода, додека во пролетниот дел беше уште поуспешен со 30 освоени бодови.
„Осогово“ зад себе има сезона со:
16 победи во 30 натпревари,
53 постигнати голови,
просек од 1,8 гола по натпревар,
и позитивна гол-разлика од +26.
Со ваквите резултати, „Осогово“ обезбеди директен опстанок и следната сезона повторно ќе биде дел од Втората македонска фудбалска лига.
Шампион во ВМФЛ оваа сезона е „Брегалница“ – Штип, која од наредната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









