Приведени двајца во Прилеп без возачки дозволи, едниот бил пијан и се обидел да избега

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Две пријави од реализирани сообраќајни контроли во Прилеп на прилепската полиција: возач кој што под дејство на алкохол управувал автомобил без возачка дозвола и се обидел да избега, како и возач од Скопје кој не поседувал возачка дозвола:

На 19.05 2026 во 23:45 часот на ул.„Кораб“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А.(45) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој за зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил запрен. По извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 19.05.2026 во 17:20 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.П.(34) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе улици во Прилеп

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА поради технички зафат во ниско напонска мрежа во градот Прилеп на 21.05.2026год. (четврток) од 09.00 ч. до 11.00 часот улицата Браќа Миладиновци. Додека истиот ден на 21.05 (четврток) од 12.00 ч. до 15.30 часот на следните улици во Прилеп: на дел од улицата Александар Македонски,...

Отворен ден и меѓународен форум на Економското училиште Прилеп

Средното општинско економско правно трговско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифосски Питу“ Прилеп утре,среда 20 ти мај ќе одржи два настана: отворен ден и меѓународен форум насловен како „Економиум“. Отворениот ден започнува од 9 часот и е предвиден за промоција на образовните профили кои се на располагање на деветтоодделенците, условите за учење...

Прилепски музички ритам „2 дена на 3 локации“ концерти на учениците од Музичкото училиште

Убава идеја на Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп за несекојдневно претставување на своите ученици, музички таленти. Наместо еден концерт кој што вообичаено се одржува во ЦК Марко Цепенков, среда на 20 ти, и в четврток на 21 ви мај градот во попладневните часови ќе пулсира во...